• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Бруклин Бекам ја преправи тетоважата посветена на татко му Дејвид откако јавно сподели дека не сака помирување со родителите

5 февруари 2026, 10:10
  • cподели

Бруклин Бекам уште повеќе го продлабочи семејниот раздор, откако беше забележано дека ја преправил тетоважата посветена на неговиот татко Дејвид. 

Наместо јасно видливиот натпис „DAD“ на големата тетоважа со сидро на неговата надлактица, сега се гледаат само три нејасни симболи, кои според странските медиуми се резултат на ласерски третман.

Извор близок до Бруклин тврди дека тој свесно одлучил да го отстрани натписот.

„Имаше толку многу болка и разочарување за него, што не би било искрено да задржи ваква посвета на телото“ – изјавил изворот.

Промената на тетоважата беше забележана кога 26-годишниот готвач беше фотографиран во Лос Анџелес со сопругата Никола Пелц. Иако зборовите „Love you Bust“, прекарот кој Дејвид му го дал уште во детството, се сè уште присутни, тие се значително избледени.

Само неколку недели претходно, Бруклин јавно изјави дека нема желба за помирување со родителите, обвинувајќи ги за намерно објавување негативни приказни за него и за неговиот брак.

Дејвид исто така има тетоважа на вратот, на која пишува „Buster“, направена во 2015 година во чест на најстариот син. 

Извори блиски до семејството велат дека ваквите постапки на Бруклин се исклучително болни за Дејвид и Викторија, но дека тие и понатаму не сакаат јавно да коментираат.

Tags
Бруклин Бекам
Дејвид Бекам

Најнови

  • „Никогаш не сум била посреќна“: Емотивен разговор на Цеце Николова со својата помлада верзија која носи перика поради алопеција

    Mon, 04/06/2026 - 21:38
  • По 15 години борба со неплодност, пожарникар посвои бебенце оставено во кутија за напуштени деца

    Mon, 04/06/2026 - 13:50
  • dm на Жеска трка

    dm го заокружи учеството на „Женска трка“ со донација од 150 пакети со менструални производи

    Mon, 04/06/2026 - 13:23
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.