• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Бремената Ен Хетавеј го покажа стомачето во необичен стајлинг, поттикна лавина критики

10 август 2026, 10:52
  • cподели

Ен Хетавеј никогаш не се плашела да експериментира со модата, но нејзиното најново појавување на црвениот тепих не наиде на воодушевување кај сите.

43-годишната актерка, која го очекува своето трето дете, присуствуваше на премиерата на „The End of Oak Street“ во Лос Анџелес и гордо го истакна трудничкото стомаче во несекојдневна комбинација.

Ѕвездата од „The Devil Wears Prada“ носеше скулптурален топ од Atelier Prabal Gurung, во небесносина и интензивна црвена нијанса. Хетавеј го спои раскошниот дизајнерски топ со фармерки со низок струк, оставајќи го трудничкото стомаче целосно откриено. Изгледот го заокружи со салонки со шпиц од Aquazzura.

Токму фармерките се покажаа како најспорниот дел од стајлингот. На социјалните мрежи се нижат коментари дека лежерниот деним воопшто не се вклопува со драматичниот горен дел.

„Изгледа смешно“, „Фармерки? ФАРМЕРКИ?! На тој прекрасен топ му требаше подобар партнер“, „Фармерките го прават изгледот уште полош“ и „Ја обожавам, но не разбирам зошто стилистот ѝ го направил ова“ – се дел од критиките.

Други го оценија стајлингот како „нападен“ и ја критикуваа за разголувањето на стомачето.

Без оглед на поделeните модни оценки, Хетавеј изгледаше расположено и самоуверено пред фотографите, позирајќи со широка насмевка со трудничкото стомаче во преден план.

Tags
Ен Хетавеј

Најнови

  • Владан Савиќ

    Се разведе Владан од „Магла бенд“: Се расплака на првото слушање на песната „Криве дрине“

    Thu, 10/08/2026 - 21:00
  • Алкалоид

    „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPhI

    Thu, 10/08/2026 - 17:07
  • „Гордост“: Постарата ќерка на Дарко и Маја Панчеви дипломираше, пејачката пресреќна

    Thu, 10/08/2026 - 14:54
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.