Бремената Џорџина Родригез сподели фотографии со децата додека Роналдо се подготвува за натпреварот со Македонија
Додека Кристијано Роналдо се подготвува за важниот натпревар против Македонија за пласман на Светското првенство, Џорџина Родригез сподели фотографии со децата.
28-годишниот модел објави албум за да покаже како го помина викендот. Бремената девојка на Роналдо се забавуваше и уживаше со Кристијано Џуниор, Алана Мартина и близнаците Матео и Ева.
„Мојот совршен викенд што го сакам најмногу на светот. Ни недостасува тато“ – напиша Џорџина, која очекува близнаци со славниот фудбалер.
Во меѓувреме, Роналдо ја очекува финалната пресметка од баражот за Светското првенство во која за ривал ја има Македонија.