• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Брчките се знаци на привилегијата дека си жива“: Паулина Поризкова за стареењето

7 февруари 2025, 11:14
  • cподели

Паулина Поризкова непрекинато потсетува дека годините се само обична бројка, а дека брчките се мапа на животот која не треба да ја бришеме од нашето лице.

59-годишната манекенка, која старее грациозно, повторно искрено зборуваше за стареењето, обидувајќи се да ги промени перцепциите и да ги сруши стереотипите поврзани со убавината во подоцнежните години од животот.

Паулина Поризкова Паулина Поризкова

„Чувствувам како премногу да се плашиме од брчките. Дали некогаш сте го забележале тоа? Преплашени сме од брчките, затоа што претпоставувам дека брчките прават да не сме повеќе релевантни, да не сме повеќе секси, да не сме повеќе посакувани...“

„Продолжувам да ги гледам брчките – моите, твоите, на секоја жена која ќе ја видам – и си помислувам: ‘Тоа е мапата на животот. Гледам каква си била ти како личност. Зошто би сакала да го избришеш тоа?’ Зошто ги поистоветуваме брчките со акните?“.

„Акните се болест, а брчките се знаци на привилегијата дека си жива. Зошто да ги елиминираме? Зошто да не ги прифатиме? Разбирам зошто – затоа што општеството ми кажува дека не нè сака откако ќе се збрчкаме“ – рече таа.

Паулина Поризкова Паулина Поризкова Паулина Поризкова Паулина Поризкова

Паулина во април ќе наполни 60 години и со нетрпение го очекува својот роденден.

„Никогаш не сум била повеќе возбудена за некој роденден во мојот живот“ – вели таа во видеото од интервјуто.

Паулина Поризкова

Познатата шведска манекенка, чиј сопруг почина во 2019 година додека беа во процес на развод, сега е во нова врска. Таа вели дека сега гледа на љубовта многу поразлично отколку во минатото.

Паулина Поризкова

„Чувствувам како сега да сум ја открила љубовта. Имам сосема нова идеја за љубовта“ – вели таа.

Паулина Поризкова Паулина Поризкова Паулина Поризкова Паулина Поризкова

Видео

Паулина беше еден од најбараните модели во 80-тите и 90-тите години на минатиот век.

Паулина Поризкова Паулина Поризкова Паулина Поризкова Паулина Поризкова

Неодамна, таа имаше операција на колковите поради дисплазија.

Паулина Поризкова

Најнови

  • СИ-ДО

    „Визба стара и гитара“, „Наташа од трето три“: Оригиналните изведувачи се враќаат на сцената за 30 години „СИ-ДО“

    Wed, 04/22/2026 - 18:50
  • СИ-ДО

    Три децении детски насмевки и музичка магија: „СИ-ДО“ го најавува своето 30. јубилејно издание полно со изненадувања

    Wed, 04/22/2026 - 18:45
  • Прв до врв

    Сите на Водно на 17 мај – следува најмасовниот Sparkasse Life Прв до врв

    Wed, 04/22/2026 - 15:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.