• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Браво за хуманоста! 6-годишната Мила од Струмица ја донираше косата за деца болни од рак

23 мај 2025, 12:20
  • cподели

Понекогаш, најважните лекции за хуманост можеме да ги научиме токму од најмалите меѓу нас.

Таква лекција ни одржува и Мила Митева, која 4 и пол години ја растеше својата коса за да ја донира за оние на кои тоа им е најпотребно – дечињата болни од рак кои поради хемотерапиите ја изгубиле својата коса.

Мила Митева Мила Митева Мила Митева

Малата убавица била инспирирана да го направи ова хумано дело кога се сретнала со дечињата болни од рак за време на нејзина хоспитализација поради проблеми со крајниците.

„Инспирацијата ни беше токму од овие мали дечиња кои се борат за живот и кои минувајќи низ мрачни моменти ја губат својата коса. Секако морам да кажам дека и ние имавме макотрпен пат со постојано боледување кај моето девојче и во една ситуација, се судривме со тие дечиња, па Мила беше љубопитна зошто тие дечиња немаат коса како неа“ – изјави мајката Билјана за Femina.mk.

„Ние се разбира ѝ дадовме разумно објаснување дека тие дечиња се малку поболни од нејзе и ја прашавме дали таа ќе им помогне на тие дечиња ако им даде од својата коса. Мила се согласи и така се случи сè“ – додаде таа.

Мила Митева

Сега, на само 6-годишна возраст, Мила и самата може да се нарече инспирација.

Браво за ова мало девојче со големо срце, кои покажува дека годините се само обична бројка и дека секој може да го подобри светот на свој начин.

„Величината на човекот не се гледа само во тоа колку некој знае, умее, може и има, туку и во тоа колку е подготвен да го сподели тоа со оние кои не знаат, не умеат, не можат и немаат. Секогаш правете позитивни и добри дела, бидете хумани... ИМАЈТЕ ПРЕКРАСЕН ДЕН“ – пишува Билјана. Мила Митева

Најнови

  • Д-р Џулиана Михајловска

    Д-р Џулиана Михајловска: Да го третираме дијабетесот со сериозноста што ја заслужува

    Mon, 04/20/2026 - 12:59
  • Први снимки од свадбата на Мелина Џиновиќ додека Харис категорично изјави: „Таа не постои за мене и крај“

    Mon, 04/20/2026 - 12:51
  • Пушење

    Различни пристапи, различни резултати: Што прави Македонија, а што Европа?

    Mon, 04/20/2026 - 12:41
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.