• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Браво! Младенци од Скопје собраа школски прибор на свадбата и го донираа за сиромашни дечиња

30 август 2024, 11:20
  • cподели

Елена и Стојан Спасевски направија хумано дело за кое заслужуваат многу пофалби.

Младиот брачен пар наместо букет цвеќе или бонбониера, ги замоли сите гости на свадбата да донесат школски прибор, кој тие подоцна го донираа за сиромашни дечиња.

Веста за донацијата ја споделија од Општинската организација на Црвениот крст Гази Баба во Скопје, каде беа донирани околу 30 комплети со школски прибор.

Елена и Стојан Спасевски Елена и Стојан Спасевски

„Позитивен пример во општеството.“

„Младенците Елена и Стојан Спасевски донираа 30 пакети школски прибор во Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Гази Баба - Скопје, собрани на нивната свадбена веселба. Заедничката идеја за овој потфат се должи на нивната хуманост и искуството што го стекнале како гости на други свадби“ - стои во описот на објавата за ова добро дело.

„Ова треба да биде пример за идните брачни парови. Помагањето покажува колку е развиена свеста за помош на социјалните семејства. Овој пример треба да го следиме, затоа што во исто време, на децата што ќе го добијат подарокот, треба да им се покаже дека и покрај сите тешки моменти, постојат луѓе што мислат на нив“ – вели Здравко Георгиевски, секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Гази Баба - Скопје.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.