„Браво, љубов моја“: Немања Гудељ доби „Дијамантска топка“ во Србија, Анастасија и Цеца горди
Немања Гудељ доби големо признание за својот придонес во националниот тим на Србија.
Фудбалскиот репрезентативец беше награден со „Дијамантска топка“ од Фудбалскиот сојуз на Србија.
Признанието му беше врачено на свеченост, а меѓу оние кои не ја криеја гордоста за наградата беа неговата сопруга Анастасија Ражнатовиќ и мајка ѝ Цеца.
Анастасија на својот Инстаграм профил објави видео од доделувањето на наградата и напиша:
„Браво, љубов моја“ – напиша таа.
И Цеца му честиташе на зетот за значајното спортско признание.
Анастасија и Немања неодамна ја изненадија јавноста со веста дека станаа родители.
Пред да му честита на саканиот, новата мајка покажа и како изгледаат утрата со синчето Илијан во семејниот дом во Севилја. На фотографијата со бебешко шише со млеко на масата стои порака: „Нашите утра“.