Теодора Бацева има само 9 години, а е виртуоз на тапани.
Талентираното девојче направи вистински „бум“ со својот настап како придружен тапанар на концертот на Летната школа по гитара „Џоко Ѓоргиев” во Струмица.
Нејзината енергија и љубов кон музиката веднаш го привлекоа вниманието на публиката, а дел од позитивните коментари гласат дека таа е иднината на македонската рок сцена. Самоуверената гевгеличанка на крај го доби и најсилниот аплауз од присутните.
Инаку, Теодора е ученичка во Школата за тапани под раководство на менторот Момчило Делев во Гевгелија, каде веќе две години ги изучува техниките на овој инструмент.