• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Братот на Михаел Шумахер стапи во брак со 14 години помлад партнер, две години откако сподели дека е геј

1 јуни 2026, 14:10
  • cподели

Ралф Шумахер се заколна на вечна љубов две години откако сподели дека е хомосексуалец.

Братот на поранешниот возач во Формула 1 Михаел Шумахер стапи во брак со својот партнер Етјен Буске-Касањ на гламурозна церемонија во Сен Тропе.

50-годишниот Германец и неговиот 14 години помлад избраник го изговорија судбоносното „да“ пред семејството и пријателите, а прославата траела три дена. Двајцата младоженци се појавиле во усогласени темносини костуми со бели кошули и сини вратоврски.

Непосредно пред свадбата, Етјен се подложил на естетска интервенција на лицето. Иако Ралф во документарната серија посветена на нивната љубовна приказна признал дека не бил воодушевен од идејата, неговиот партнер сепак решил да го направи зафатот, бидејќи долго време не бил задоволен од својот изглед.

Свадбената церемонија била снимена како дел од документарната серија „Ralf & Etienne: We Say Yes“, која го следи животот на парот и подготовките за нивната венчавка.

Веста за истополовата врска на Ралф се рашири речиси една деценија по неговиот развод со поранешната сопруга Кора Бринкман во 2015 година.

Тие се венчаа во 2001 година, само неколку месеци пред раѓањето на нивниот син Давид.

Меѓу гостите на свадбата бил и неговиот син кој од самиот почеток јавно му даде поддршка.

„Многу сум среќен што конечно пронајде некој со кого навистина се чувствуваш удобно и сигурно. Не е важно дали станува збор за маж или жена. Сто проценти сум покрај тебе, тато, и ти посакувам сè најдобро! Честитки!“ – напиша тој.

Tags
Ралф Шумахер
Етјен Буске-Касањ

Најнови

  • Balea

    Летна нега со мирис на рози - откријте ги Limited Edition производите Blooming Dreams од Balea во dm

    Fri, 07/17/2026 - 22:52
  • „Јас сум богата жена, не постои поголемо богатство од тоа кога се раѓаат внуци“: Првата изјава на Цеца по раѓањето на внучето Илијан

    Fri, 07/17/2026 - 14:57
  • Љубов на планина: Моника Црнокрак со дечкото Виктор Петров уживаат во планинска идила сред лето

    Fri, 07/17/2026 - 14:13
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.