• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Брајан Адамс доби јакна од македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски на која е рачно насликан неговиот лик

30 април 2025, 10:27
  • cподели

Брајан Адамс доби уникатен подарок по концертот во Скопје.

Македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски за него креираше јакна на која рачно беше насликан неговиот лик. Канадскиот пејач го доби оригиналното парче облека по музичкото шоу изминатиот викенд и беше одушевен.

Брајан Адамс

Сатја е познат по изработката на уникатни и оригинални патики за светски спортски и музички имиња како Дуа Липа, Стив Аоки, Мајли Сајрус, а идејата овој пат да направи јакна за Адамс била од мајка му. Тимот на SWithaDot работеше околу 180 часа за да ја реализира замислата на Сатја.

Брајан Адамс Брајан Адамс Брајан Адамс

На јакната освен ликот на славниот пејач е испишан и насловот на неговиот најнов сингл Roll Up the Punches.

Брајан Адамс Брајан Адамс

„Јакната е рачно составена од потврдени вегански материјали, бидејќи Брајан Адамс е веган. Целиот процес на составување, а потоа и на сликање, траеше приближно 180 часа рачна работа на целиот наш тим.“

„Темата на дизајнот е неговиот последен сингл Roll Up the Punches, а идејата да направиме јакна за Адамс, наместо патики, потекна од мојата мајка, која ја обожава неговата музика.“

„Инаку, SWithaDot веќе 6 години за секој истакнат уметник кој ќе ја посети Македонија подготвува Welcome to Macedonia рачно насликан подарок, со идеја да му покажеме дека земјата во која доаѓа го цени, но и да го рашириме талентот на нашите македонски уметници низ светот.“

„Таков беше и случајот со Брајан, чија реакција беше искрена, со огромна насмевка и едно долго WOOOOW. Очекуваме да ја носи на некој од неговите следни настапи“ – рекол Грабулоски.

Брајан Адамс Брајан Адамс
Tags
Сатја Грабулоски

Најнови

  • Д-р Џулиана Михајловска

    Д-р Џулиана Михајловска: Да го третираме дијабетесот со сериозноста што ја заслужува

    Mon, 04/20/2026 - 12:59
  • Први снимки од свадбата на Мелина Џиновиќ додека Харис категорично изјави: „Таа не постои за мене и крај“

    Mon, 04/20/2026 - 12:51
  • Пушење

    Различни пристапи, различни резултати: Што прави Македонија, а што Европа?

    Mon, 04/20/2026 - 12:41
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.