• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Брачен пар посвои седум дечиња кои ги изгубија родителите во сообраќајна несреќа

2 април 2021, 07:35
  • cподели

Пам и Гери Вилис им дадоа топол дом на седум братчиња и сестричиња кои ги изгубија родителите во сообраќајна несреќа.

Иако им следувало заминување во пензија, брачните партнери од Калифорнија, кои имаат пет биолошки деца, без размислување ги посвоија седумте дечиња.

„Не можам да објаснам – едноставно знаев дека јас требаше да им бидам мајка“ – изјавила Пам. „Длабоко во нас знаевме дека оваа мисија ни беше поставена пред нас. Ако не ние, тогаш кој?“ – додала таа.

Семејство Вилис Семејство Вилис Семејство Вилис

За време на процесот на посвојување, Пам дознала дека децата имаат минато низ многу трауми. Нивните родители се бореле со зависност од пороци, па поради тоа често живееле во засолништа за бездомници и немале доволно храна за да се прехранат.

За најстарата ќерка, Пам вели дека била многу одговорна и секогаш како мајка се грижела за своите братчиња и сестрички. „Руби не знаеше како да биде дете. Таа мораше да влезе во улога на мајка уште од рана возраст.“

„Сметам дека е тешко да веруваш, кога толку многу нешта ти се одземени во животот“ – додава Пам.

Семејство Вилис Семејство Вилис Семејство Вилис Семејство Вилис Семејство Вилис Семејство Вилис

Посвојувањето било финализирано во август минатата година. Аделино (15), Руби (13), Алесија (9), Ентони (8), Обриела (7), Лео (5) и Ксандер (4) конечно го добија семејството кое го заслужуваат.

Пам и Гери споделија фотографија на која позираат со сите 12 деца.

View this post on Instagram

A post shared by Pam Willis (@second.chance.7)

На профилот Second Chance 7 на Instagram, Пам споделува бројни семејни фотографии.

Семејство Вилис Семејство Вилис Семејство Вилис Семејство Вилис Семејство Вилис Семејство Вилис Семејство Вилис Семејство Вилис Семејство Вилис
View this post on Instagram

A post shared by Pam Willis (@second.chance.7)

Tags
посвојување

Најнови

  • Колумбијци ја отпеаја и отсвирија „Вечниот Бог“ на Божиќ, измамија многу комплименти

    Thu, 01/08/2026 - 14:17
  • Хороскоп

    Најсреќните денови во 2026 година според хороскопот за секој знак

    Thu, 01/08/2026 - 14:13
  • „Жал ми е за сè“: Анџелина Џоли трогната од дете од Палестина чија мајка беше убиена

    Thu, 01/08/2026 - 12:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.