• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Божиќно изненадување: Емотивната реакција на момче кое дознава дека мајка му е бремена откако семејството изгубило близнаци

20 декември 2017, 11:23
  • cподели

Единаесетгодишно момче ќе го памети овој Божиќ засекогаш.

Убавината на божиќниот подарок којшто го добило од своите родители тешко дека некогаш би била надмината од друг подарок. Семејството изгубило близнаци минатата година, а разочарувањето и тагата на момчето биле неизмерно тешки за надминување.

Штом дознала дека е бремена, неговата мајка режирала прекрасно изненадување за Божиќ. Солзите на момчето кога дознава за бременоста на мајка си се излив на неговите помешани емоции на среќа и тага: среќа поради исполнувањето на неговата желба да стане постар брат и тага поради загубата на близначињата.

Погледнете го преплетот од среќа и тага преточен во искрените детски солзи:

„Нашето семејство изгуби близнаци во јуни 2016. На сите ни беше многу тешко, но на син ми му беше особено тешко, затоа што не можеше да сфати зошто се случува тоа кога толку многу посакуваше да биде поголем брат.“

„По 15-месечни обиди, конечно останав бремена со нашето бебе-виножито. Му кажавме на синот со урамена слика од ултразвук која ја поставивме во завиткана кутија. Неговата реакција ни ги стопли срцата и беше посилна одошто очекував. На крајот, не можев да продолжам да снимам. Морав да седнам на подот со него и заедно да плачеме. Ова бебе ќе го има најдобриот голем брат на светот, дури и со разлика од 11 и пол години, имам претчувство дека тие ќе бидат најдобри пријатели“ – пишува мајката во описот на видеото.

Најнови

  • Мет Дејмон со семејството

    Мет Дејмон со сопругата и четирите пораснати ќерки на премиерата на „The Rip“

    Wed, 01/14/2026 - 14:03
  • Секогаш поволно

    Шопинг без притисок: повеќе од 7.000 производи имаат секогаш поволни цени во dm и во новата година!

    Wed, 01/14/2026 - 12:54
  • Жарко Димоски со семејството на Малдиви

    Празнична идила: Жарко Димоски со сопругата и синчето на егзотичен одмор на Малдиви

    Wed, 01/14/2026 - 12:20
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.