„Борбата не е завршена…“ Северина потврди дека синот ќе живее со неа, ќе продолжи да се бори за сите мајки
Северина Вучковиќ ја потврди веста дека синот ќе живее со неа.
Откако пред неколку дена беше објавено од медиумите дека судот донел нова одлука во нејзина корист, сега се огласи и хрватската пејачка која со години се бореше за старателство над 14-годишниот Александар.
Северина сподели две фотографии на социјалните мрежи и напиша дека ќе продолжи да се бори за правда за сите мајки кои се соочуваат со неправди додека чекорат низ судските лавиринти.
[БЛАГОДАРАМ, но не е готово]
Неизмерно благодарам на сите што деновиве ме опсипувате со поддршка... Всушност, мојот син веќе некое време е дома, а сега тоа и формално е потврдено со оваа судска одлука. Од друга страна, борбата не е завршена…
Ни мојата, но ни на многу мајки. На пример, постојат две девојчиња кои веќе 8 години не смеат да го напуштат Загреб, а нивната мајка останува без средства за борба против суровиот и ладен систем, во кој децата би требало да бидат на прво место, а не моќните родители. Не сум и никогаш нема да престанам да зборувам за тоа и да се борам за послабите.
На крај, благодарам на сите мои кои изминативе 12 години беа покрај мене, на моите адвокати, особено на Јасминка Билош. ❤️
Судскиот спор меѓу Северина и Милан Поповиќ е еден од најследените семејни судски процеси во регионот, кој трае уште од 2013 година. Во текот на годините беа донесени повеќе различни судски одлуки, од тоа детето да живее со мајката, па сè до заедничко родителско старателство и одлука во корист на таткото.

Поранешниот пар се запозна во 2010 година на роденденската прослава на Милан каде Северина беше ангажирана да настапува. Во август 2011 година, таа објави дека е бремена, а Александар се роди во февруари следната година.
Пејачката се раздели од српскиот бизнисмен во октомври 2012 година и се врати да живее во Загреб, со што ја започна и борбата за старателството.