• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Бојата на 2026 година е... Cloud Dancer, бела нијанса која е симбол на мир во бучниот свет

5 декември 2025, 10:37
  • cподели

Pantone ја претстави бојата која ќе ја одбележи 2026 година, а тоа е PANTONE 11-4201 Cloud Dancer, бела нијанса која симболизира мир, смиреност и тивка сила во време исполнето со врева и брзина.

Овој избор значи дека 2026 ќе ја обои потребата за пауза, за длабоко вдишување, за враќање кон едноставноста и за нови почетоци. „Cloud Dancer“ е боја којашто поттикнува фокус, креативност и нова перспектива.

Возвишена бела неутрална боја, чија воздушеста присутност делува како шепот на смиреност и мир во бучен свет. PANTONE 11-4201 Cloud Dancer ја симболизира смирувачката сила во општество кое повторно ја открива вредноста на тивката рефлексија.

Оваа бела боја со меки, облачни тонови, исполнета со спокој, повикува на вистинска релаксација и фокус, дозволувајќи му на умот да талка, а на креативноста да дише.

И во движење и во пауза, бојата на 2026 година, PANTONE 11-4201 Cloud Dancer, лебди помеѓу светлината и етеричното, жив спокој кој повикува на обнова, визија во тишина и креативно ослободување – стои во објавата на Pantone.

Бојата на годината која ја одредува Pantone има големо влијание не само во модната и козметичката, туку и во сите други гранки на индустријата. Pantone е една од најголемите компании за производство на бои, а позната е по својот систем за стандардизација на боите.

Tags
Pantone
боја на годината

Најнови

  • Ребека со семејството во Венеција

    „Ти благодарам Господи за сите убавини“: Ребека со трите сина и сопругот на патување во Венеција

    Fri, 01/30/2026 - 18:44
  • Леон Мемиш Апостоловски

    Мисија на љубовта и знаењето: Како семејството Мемиш Апостоловски ја менува свеста за аутизмот низ Македонија?

    Fri, 01/30/2026 - 17:05
  • Никогаш повеќе сама на dm

    dm обезбеди повеќе од 320 000 бесплатни хигиенски влошки за студентките на државните факултети во академската 2025/2026 година

    Fri, 01/30/2026 - 13:17
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.