• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Бодибилдерката Мери Акиевска стана мајка, ја сподели првата фотографија од бебенцето кое доби преубаво име

1 јуни 2026, 08:41
  • cподели

Мери Акиевска го доби првото дете со Филип Шики Митровски.

27-годишната бодибилдерка ја сподели среќната вест на социјалните мрежи и ја објави првата фотографија од бебенцето. 

Парот за својата ќеркичка го избра нежното и необично име Срна и доби бројни честитки од пријателите и следбениците.

Непосредно пред породувањето, Мери и Филип направија трудничка фотосесија, со која ги овековечија последните моменти пред да го дочекаат најубавото животно поглавје – родителството.

Вљубените партнери стапија во брак во март годинава, токму на денот кога трикратната светска шампионка го прослави својот 27-ми роденден. Тогаш таа блесна во бела комбинација која ѝ го истакна трудничкото стомаче.

Веста за бременоста ја споделија на Нова година.

За време на бременоста, Мери во интервју за Фемина откри:

Бебко ни беше плански, само што не очекувавме дека толку брзо ќе се оствари посакуваното. Точно 30 септември беше тој среќен ден кога ги видовме двете цртки на тестот.

Не успеав да му направам посебно изненадување на сопругот, бидејќи додека бев во тоалет и се појавија цртките, тој ме побара на камера и сè дојде изненадувачки во ист момент и за двајцата. Не ни беше верно што се случи, па дури направив уште пет теста, а и проверка преку крвна слика. Тогаш конечно се уверивме дека ќе се оствариме како родители.

Tags
Мери Акиевска
Филип Шики Митровски

Најнови

  • „Те молам престани да пееш, гледам цртан филм“: Петар Грашо раскажа интересна случка со ќеркичката Алба и Здравко Чолиќ

    Fri, 07/17/2026 - 20:20
  • Доктор Нико Беќаровски: Најчестите морски животинки (некои се отровни) кои можат да ви го расипат одморот и како да реагирате

    Fri, 07/17/2026 - 12:06
  • Ерлинг Халанд со девојката Изабела на ревија на Долче и Габана пред одморот на луксузна јахта

    Fri, 07/17/2026 - 12:05
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.