• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Бодибилдерката Мери Акиевска направи свадба со саканиот, ќеркичката преслатка како мини невеста

28 септември 2026, 09:43
  • cподели

Мери Акиевска и Филип Шики Митровски викендов направија црковна венчавка и свадбена прослава.

Македонската бодибилдерка шармираше во романтична венчаница со чипка на нејзиниот специјален ден. Фустанот со корсет украсен со бисери ја следеше линијата на нејзиното тело, а долгиот вел внесе доза на елеганција во изгледот. Мери избра нежна шминка и фризура со локни, како и раскошен бидермаер со бели ружи.

Ѕвезда на свадбата беше 3-месечната ќерка на младенците, која изгледаше преслатко во бело невестинско фустанче.

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

Венчавката се одржа во црквата „Св. Петка“ во Црниче, а прославата продолжи во познат скопски ресторан.

Мери и Филип стапија во граѓански брак во март годинава. 

27-годишната шампионка за Фемина откри како се чувствува по склучувањето на бракот и како сфатила дека Шики е вистинскиот за неа.

„Се чувствувам преубаво, бидејќи влегов во брачни и семејни води, нешто што можеби во мојот живот и детството не сум го почувствувала толку силно. Сега со толку силен блесок, секој чекор ми е убав на овој пат.“

„Со Филип се знаеме долго време, но како познаници. Откако еден ден започнавме комуникација и таа траеше без прекин, толку убаво ни тргна разговорот, што се зближивме и до ден-денес сме неразделни. Покрај таа комуникација, сфатив дека тоа е тоа што го сакам“ – ни сподели таа.

Tags
Мери Акиевска
Филип Шики Митровски

Најнови

  • Бодибилдерката Мери Акиевска направи свадба со саканиот, ќеркичката преслатка како мини невеста

    Mon, 09/28/2026 - 09:43
  • Мина Блажев во кратко бело фустанче на прославата за веридбата, го покажа и прстенот

    Mon, 09/28/2026 - 08:49
  • „Бог ми го даде и ми го зеде“: Почина 4-годишниот син на пејачот Маријан Стојаноски

    Sun, 09/27/2026 - 22:09
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.