• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Бодибилдерката Мери Акиевска ја сподели првата семејна фотографија по породувањето, нејзиниот сопруг честеше мекици

4 јуни 2026, 10:20
  • cподели

Мери Акиевска ужива во новата улога на мајка.

27-годишната бодибилдерка ја објави првата семејна фотографија со ќеркичката Срна и сопругот Филип Шики Митровски со кого стапи во брак март оваа година. Среќните родители со широки насмевки позираат заедно додека Филип ја држи ќеркичката во рацете.

Мери објави и фотографии од прославата по повод раѓањето на Срна и честењето со мекици и доби бројни честитки од најблиските.
 

„На мама и тато сум прва среќа и на сите гости Ви праќам бакнежи полна вреќа! Ви благодарам што дојдовте на мекиците во моја чест“ – стои на картички со чоколадна бонбона со името Срна.

Спортистката од Крива Паланка е трикратна светска шампионка во бодибилдинг и е синоним за непоколеблива дисциплина, а сега ќе паузира со кариерата за да ѝ се посвети на ќеркичката.

За време на бременоста, Мери во интервју за Фемина откри:

Бебко ни беше плански, само што не очекувавме дека толку брзо ќе се оствари посакуваното. Точно 30 септември беше тој среќен ден кога ги видовме двете цртки на тестот.

Не успеав да му направам посебно изненадување на сопругот, бидејќи додека бев во тоалет и се појавија цртките, тој ме побара на камера и сè дојде изненадувачки во ист момент и за двајцата. Не ни беше верно што се случи, па дури направив уште пет теста, а и проверка преку крвна слика. Тогаш конечно се уверивме дека ќе се оствариме како родители.

Tags
Мери Акиевска

Најнови

  • Меган Маркл и принцот Хари со децата

    Игри на плажа, посета на домот на принцезата Дијана: Меган Маркл објави летни фотографии со принцот Хари и децата

    Fri, 07/24/2026 - 14:15
  • Од скромни почетоци до светски метрополи: Пајак ужива во Лондон откако сподели дека никогаш не бил на одмор во Грција

    Fri, 07/24/2026 - 13:40
  • 84 дена се бореше за живот на болница, сега слави дома 3 месеци: Сопругата на Христијан Трајаноски со преслатка фотосесија од ќеркичката

    Fri, 07/24/2026 - 13:35
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.