• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Благој Ѓорев ја прославува 90-годишнината од своето постоење

27 ноември 2013, 09:32
  • cподели

Годинава Благој Ѓорев го одбележува својот јубилеен 90-ти роденден. Оваа македонска компанија е најстар капацитет за производство на масло за јадење во Р. Македонија, додека на Балканот влегува во составот на трите најголеми индустриски капацитети за производство на масло за јадење.

Својата успешна бизнис приказна компанијата започнува да ја испишува далечната 1923 година, кога се формира „БЛАГОЈ ЃОРЕВ“ АД од Велес, најпрво како фабрика за масло. Продолжувајќи ја традицијата на производство на масло за јадење од маслодајни семиња, фабриката континуирано се проширува и технолошки се усовршува, а денес компанијата располага со единствен капацитет во Македонија за складирање, чување и преработка на маслодајни семиња. Во 1999 година, Благој Ѓорев се трансформира во прехранбена индустрија поради широкиот асортиман на прехранбени производи во сопствено производство.

Кристал

Оваа година Благој Ѓорев прославува уште еден значаен јубилеј – 45 години откако се произведува „Кристал”- маргаринот во коцка. Од овој производ денес се произведуваат над 1700 тони годишно. Од далечната 1968 година па се досега, потрошувачите традиционално му укажуваат доверба, особено во периоди на разновидни семејни прослави и празници, како и собирањето на целото семејство на трпезата.

Благој Ѓорев ја освои наградата Супербренд за 2013/2014 година, која го потврдува значењето и силината на брендот „Кристал“ во својата индустрија, како и квалитетот на производите како императив за овие години на постоење. Веќе трета година по ред, Благој Ѓорев извезува поголем асортиман од своите производи во Косово, а од минатата година и во Босна и Херцеговина.

„Со задоволство можеме да кажеме дека веќе 90 години производите на Благој Ѓорев се дел од речиси секое македонско домаќинство. „Кристал“ маслото за јадење и маргаринот во коцка, несомнено, се производите по кои сме најмногу препознатливи, но и другите наши производи полека го наоѓаат патот до срцата на потрошувачите. Производството на здрави и квалитетни производи од домашни суровини е наш императив и нашата главна предност, токму тоа ни овозможи сиве овие години да го задржиме високото место на пазарот и довербата на нашите потрошувачи, која се пренесува од генерација на генерација. И понатаму ќе вложуваме во развој на нови производи и освојување на нови пазари, континуирано унапредување на процесот на производство, како и подобрување на квалитетот на нашите производи, за Благој Ѓорев да остане синоним за квалитет и долгогодишна традиција, домашен бренд со препознатлив имиџ, кој потрошувачите го преферираат и го сакаат” – изјавија од Благој Ѓорев.

Покрај маслото за јадење и маргаринот, во основните производи на компанијата спаѓаат и растителната маст и растителната мрс, а компанијата на пазарот нуди и висококвалитетни производи за широка потрошувачка: далеку прочуената велешка таан алва, локумот со разни вкусови, желе бонбони, пакувањата од кокос, сусам, какао, алкохолен, вински и јаболков оцет, како и зачинот „Кристал“ кој изобилува со најразлични видови сушен зеленчук.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.