• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Благодарност до сите медицински работници

29 април 2020, 11:19
  • cподели

Под силен впечаток од моќниот цитат „Здравјето е човеково право“, но и свесни за околностите во кои грижата за пациентите станува се покомплексна, вработените во Алпско деновиве иницираа неверојатна акција за поддршка на медицинските работници на Универзитетската клиника за инфективни болести во Скопје.

По примерот на многу поединци и компании што несебично се вклучија во поддршка на медицинските работници, Алпско самоиницијативно одлучи да дистрибуира бесплатни појадоци за вработените на Клиниката за инфективни болести и со тој скромен гест да им се заблагодари за сета грижа и пожртвуваност во ова време на пандемија.

Аплско донација

Иницијативата да се поддржат медицинските лица, кои како никогаш до сега се под голем товар, е да им се помогне користејќи го главниот извор на компанијата; здрав и вкусен јогурт со топло домашно пециво подготвено со многу љубов. Така, вчера беа испорачани 180 оброци согласно распоредот на докторите и сиот медицински персонал на Клиниката.

„Знаејќи дека околностите со вонредни повици и состојби за медицинските лица значат немање загарантирано време за појадок или за кафе, решението се наметна само од себе - на овие луѓе им треба оброк! Контактиравме со Клиниката и се согласивме да им доставиме здрави и вкусни појадоци на медицинските лица според распоредот и количината што ја бараа“ - додаваат од компанијата.

Преку ваквите и слични иницијативи согледуваме колку е важна солидарноста и колку си требаме едни на други. А со благодарноста искажана кон храбрите и совесни доктори и медицински лица, на сечија радост е воочливо дека сè уште постои многу добрина меѓу луѓето.

Tags
Алпско

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.