• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Битолското чупе повикува на празнично возење со вовчето Мечо

1 јануари 2025, 17:24
  • cподели

Битолската приказна носи радост и празнична магија низ целиот град. Возот Мечо омилениот празничен херој, а од оваа година заедно со Битолското чупе, ги носат најмалите на празнично возење исполнето со насмевки и радост. Битолското чупе, симболот на традицијата во млечната индустрија оваа година додава дополнителен сјај со поддршката на Бимилк и заедно со вовчето Мечо ги кани сите дечиња на незаборавно возење. Редовните бесплатни возења продолжуваат и денеска (31.12.2025) во периодот од 12 до 16 часот, од пред Офицерскиот дом, каде ве очекуваат вовчето Мечо и Битолското чупе. Покрај денешните возења во редовниот термин, Мечо ќе продолжи да вози и во првите денови од 2025 година, од 1ви до 6ти јануари, секој ден во терминот од 11.00 до 15.00 часот.

Возот Мечо Возот Мечо

Битола уште еднаш ја потврди својата репутација како град на традицијата, културата и празничната магија. Оваа година, со над 400 настани на шест локации низ градот, „Зимска приказна“ ја претвора Битола во центар на зимската радост, инспирација и семејни вредности. Од концерти, уметнички перформанси, детски програми, па сè до традиционалните зимски атракции како лизгалиштето и возот Мечо, „Зимска приказна“ ја прави Битола најпосакуваната зимска дестинација во Македонија.

Препознавајќи го растот и значењето на фестивалот, Бимилк, симболот на автентичната традиција во млечната индустрија, се приклучи како горд партнер за да ја поддржи оваа приказна која станува сè поголем мотор на локалната економија и туризам.

„Зимската приказна израсна во бренд на Битола којшто ги сплотува семејните и празничните моменти во вредност за градот и граѓаните. Бимилк заедно со Битолското чупе, како бренд кој е тесно поврзан со градот, и кој се залага и ги штити семејните и традиционални вредности, горди сме што повторно и оваа година ја поддржуваме „Зимска приказна". Овој настан не е само фестивал, туку вистинска манифестација која го обединува празничниот дух, традицијата и современите потреби на заедницата,“ изјави Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг менаџер во Бимилк.

Возот Мечо Возот Мечо

Со своето партнерство, Бимилк не само што ја поддржува магијата на „Зимска приказна“, туку и ја зајакнува врската меѓу традицијата и современите вредности. Од насмевките на дечињата и незаборавните моменти поминати со возот Мечо, до топлината на секој празничен момент дома, Бимилк ја продолжува својата мисија – да биде дел од најубавите семејни приказни.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.