• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Битолска млекара го одбележа Светскиот ден на квалитет преку организирање „отворен ден“ за заинтересираните граѓани

18 ноември 2019, 10:40
  • cподели

Верните потрошувачи на Бимилк се запознаа со производствениот процес на млекото

Традицијата на одбележување на Светскиот ден на квалитет и оваа година беше продолжена од страна на Млекара АД Битола преку организирање „отворен ден“, односно отворање на вратите на својата фабрика за верните потрошувачи, студенти, но и за сите заинтересирани граѓани.

Големиот број посетители, како и студентите од Биотехничкиот факултет во Битола, кои ја посетија фабриката, имаа можност одблизу и директно од врвните професионалци да се запознаат со процесот на производство на млекото и млечните производи од широкото портфолио на Бимилк. Истовремено, тие имаа можност да се едуцираат за меѓународните стандарди за квалитет што Битолска млекара секојдневно ги применува во своето работење, со цел да се одржи довербата кај потрошувачите и приматот на најголем млекопроизводител на македонскиот пазар.

отворен ден во Бимилк отворен ден во Бимилк отворен ден во Бимилк

„Битолска млекара е компанија со долга традиција, која својата лидерска позиција во млечната индустрија во државата ја има обезбедено и задржано преку следење на светските стандарди за квалитет. Потрошувачите знаат да го препознаат квалитетот и преку секојдневно консумирање на производите да изградат силна врска со производителот. Токму затоа, преку отворањето на вратите на нашата фабрика даваме можност за директно запознавање со целиот процес на производство, од првата фаза на прием на домашно квалитетно млеко, преку лабораториските испитувања и контрола на квалитетот, производството и пакувањето, па сè до складирањето и дистрибуцијата“ - изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

отворен ден во Бимилк отворен ден во Бимилк

Меѓународниот ден на квалитет секоја година се прославува низ целиот свет на вториот четврток од ноември, а оваа година беше прославен на 14 ноември. Секоја година, овој ден се одбележува под различна тема, а овогодишното одбележување беше посветено на 100-те години квалитет, поточно на еден век од основањето на Меѓународниот институт за квалитет. Од 1919 година до денес, страста за обезбедување квалитетни и безбедни производи и услуги опстојува поради извонредната работа на професионалците за квалитет.

отворен ден во Бимилк отворен ден во Бимилк

Бимилк е една од компаниите низ целиот свет, кои, исто така, даваат свој придонес во подигнувањето на свеста од потребата за следење на стандардите за квалитет во производството.

Комерцијален текст

Tags
Бимилк

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.