• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Битола во знакот на мајчинството: dm и „Матрона“ ги собраа идните родители на едукативна средба со стручни лица

22 мај 2026, 11:36
  • cподели
dm и Матрона - обука

Битола беше домаќин на првата едукативна средба со физичко присуство во рамки на годинешниот „Караван на мајчинство“, иницијатива преку која dm drogerie markt и Здружението „Матрона“ ја приближуваат стручната поддршка до идните родители. Во хотелот „Милениум Палас“, повеќе од 40 учесници имаа можност во непосредна и пријатна атмосфера да слушнат корисни совети, да постават прашања и да разговараат за теми поврзани со бременоста, породувањето и првите денови со новороденчето.

Средбата на тема „Од бременост до мајчинство: пренатална едукација и грижа за новороденчето“ го означи излегувањето на иницијативата од онлајн форматот и создаде простор за директна комуникација меѓу учесниците и стручните лица. Разговорот се одвиваше во отворен и охрабрувачки дух, со фокус на реалните прашања и дилеми со кои се соочуваат идните родители при подготовката за новата животна улога.

Стручниот дел од средбата го водеа прим. д-р Марина Поп Лазарова, неонатолог, и дипломираната акушерка Гордана Палашовска. Тие споделија насоки за подготовка пред породувањето, првичната грижа за бебето, потребите на мајката по породувањето, адаптацијата на семејството и значењето на навремената едукација во периодот кога родителите најмногу имаат потреба од сигурни информации.

dm i Matrona - обука

Посебна вредност на настанот беше интерактивниот формат, кој им овозможи на присутните да добијат одговори на конкретни прашања и да разменат искуства со други идни родители. Токму непосредниот контакт со стручни лица придонесе средбата да помине во атмосфера на доверба, разбирање и практична поддршка.

Како дополнителна придобивка, сите учесници добија ваучер за 15% попуст при купување babylove производи во dm продавниците, со што едукативниот карактер на средбата беше надополнет со практична поддршка за семејствата кои се подготвуваат за доаѓањето на новиот член.

dm i Matrona - обука

„Караванот на мајчинство“, dm и „Матрона“ го реализираат втора година по ред, со цел да обезбедат достапна едукација и поддршка за мајките, идните родители и семејствата. Минатата година беа организирани 11 онлајн обуки, а годинашната програма започна со теми посветени на дохрана, спиење и ран моторен развој кај децата.

Од dm посочуваат дека преку вакви активности продолжуваат да вложуваат во иницијативи кои нудат релевантни информации, пристап до стручни лица и поддршка за семејствата во различни фази од родителството.

Tags
dm

Најнови

  • Хорот од ООУ „Кузман Јосифовски - Питу“

    „Скокавме од радост и извикувавме 'Македонија, Македонија'“: Маестро Верче и хорот од „Кузман Јосифовски - Питу“ триумфираа во Италија

    Fri, 05/22/2026 - 12:14
  • „Луѓето мислеа дека е бомба“: Рики Мартин ја разигра Црна Гора, концертот накратко прекинат поради солзавец

    Fri, 05/22/2026 - 11:46
  • dm и Матрона - обука

    Битола во знакот на мајчинството: dm и „Матрона“ ги собраа идните родители на едукативна средба со стручни лица

    Fri, 05/22/2026 - 11:36
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.