• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Битола преку Илинденски денови ќе биде центарот на светски фолклорни ора и танци

23 јули 2019, 09:55
  • cподели

Над 1.000 учесници од Мексико, Индија, Русија, Италија, Белгија, Израел преку ора и танци ќе ја прикажат народната културна традиција на ансамбли на овогодинешното 49-то издание на интернационалниот фестивал Илинденски денови. Настанот ќе се одржи на различни локации во Битола од 27-ми до 31-ви јули, во организација на НУ Центар за култура Битола.

„Фестивалските денови ќе почнат со претпрограма, ретроспективна изложба „60 години творештво на Панде Петровски“, а во пресрет на свеченото отворање на 27-ми јули, ден претходно ќе отвориме изложба за абориџинската култура која ја подготвивме во соработка со Амбасадата на Австралија во Белград. Оваа година востановивме и новина, односно фестивалски карван кој ќе се реализира во општините Демир Хисар и Новаци. Настанот ќе го завршиме со концерт на музичарите кои негуваат фолклорни елементи во нивната музика, Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ“ - истакна Маја Андоновска Илијевски, директорка на Центарот за култура Битола.

Илинденски денови

Фестивалот претставува столб за чување на автентичната и народната култура на Балканот и во светот.

„Илинденски денови се единствениот македонски фестивал на картата на светските фестивали со сертификат на CIOFF. И оваа година на фестивалот ќе бидат презентирани автентични и изворни македонски вредности за што ќе се погрижат 30 фолклорни ансамбли од државата, но и од странство, кои ќе пренесат пораки за мир, соживот, развој и чување на автентичната култура“ - рече Валентин Соколевски, селекторот на фестивалот.

Илинденски денови се одржува под покровителство на Собранието на Северна Македонија и со поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.

Илинденски денови

Андоновска Илијевска како прв човек на НУ Центар за култура Битола за една година заедно со целиот тим, реализирала три интернационални фестивали, голем број на концерти, фестивали, промоции, изложби, интересен податок е дека киното работи со голема посетеност и одличен репертоар. Со сопствени средства направени се инвестициони вложувања во опрема важна за функционирање на институцијата.

Илинденски денови
Tags
Илинденски денови
Маја Андоновска Илијевски

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.