• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Битола и Виена повторно на иста адреса: Свечено отворен Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола

19 декември 2025, 20:00
  • cподели

Со свечена церемонија на улицата Виенска, денес официјално беше отворен Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола, чин што носи силна дипломатска, историска и симболична порака за обновување и продлабочување на односите меѓу Република С. Македонија и Република Австрија, со посебен фокус на Пелагонискиот регион.

Настанот ги обедини претставниците на дипломатскиот кор, државните институции, локалната самоуправа, бизнис и културната заедница, потврдувајќи ја улогата на Битола како град на дијалог, култура и европска дипломатска традиција.

Отворање на Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола
Свечено отворен Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола
Свечено отворен Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола

Почесниот конзул на Република Австрија во Битола, Игор Божиновски, потсети дека токму австрискиот конзулат во 19 век бил првото дипломатско претставништво не само во Битола, туку и на територијата на денешна С. Македонија, нагласувајќи дека отворањето денес не е почеток од нула, туку продолжување на повеќе од 170 години стара врска меѓу Виена и Битола.

„Ако во 19 век конзулатот бил симбол на отворање кон светот, денес сакам да биде симбол на ново партнерство - практично, живо и видливо преку конкретни дела“, истакна Божиновски, посочувајќи дека неговата визија е насочена кон јакнење на економската соработка, создавање културни мостови и отворање нови можности за младите.

Игор Божиновски
Игор Божиновски им се обрати на присутните

Амбасадорот на Република Австрија во нашата земја, Неговата Екселенција Мартин Памер, во своето обраќање оцени дека денешниот ден е „Добар ден за Битола и за продлабочување на динамичните односи меѓу двете земји, особено во областа на бизнисот и културата“.

Тој ја потенцираше историската улога на Битола како „град на конзулите“, повлекувајќи паралела со европските дипломатски центри од минатото, и нагласи дека новиот конзулат ќе придонесе кон зајакнување на австриското присуство во југозападниот дел на земјата. „Битола била, е и ќе биде сè повеќе град на средби“, порача амбасадорот, истакнувајќи ја поддршката на Австрија за европската перспектива на земјата.

Австрискиот амбасадор во Македонија Мартин Памер со Игор Божиновски
Австрискиот амбасадор во Македонија Мартин Памер со Игор Божиновски

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, нагласи дека отворањето на Почесниот конзулат претставува официјална потврда на одличните билатерални односи меѓу двете земји.

„Овој чин има силна дипломатска и институционална вредност, затоа што ја приближува дипломатијата до граѓаните и ја зацврстува соработката на локално и национално ниво“, истакна министерот.

„Битола не е случајно град на конзулите. Таа била и останала природна точка на средба меѓу различни култури, јазици и интереси. Град што знаел да разговара, да посредува и да живее со Европа уште пред тоа да биде политички концепт“, истакна Муцунски, додавајќи дека токму ваквите градови ја носат вистинската смисла на дипломатијата онаа што се чувствува во секојдневниот живот, архитектурата и културниот ритам.

Министерот Тимчо Муцунски со Игор Божиновски
Министерот Тимчо Муцунски со Игор Божиновски
Министерот Тимчо Муцунски

Тој подвлече дека отворањето на Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола не е само административен чин, туку враќање на една историска логика:

„Кога дипломатска адреса се отвора во Битола, таа не се отвора од куртоазија, туку затоа што градот има меморија, идентитет и капацитет да биде мост меѓу државите.“

Министерот оцени дека Битола е пример како локалниот контекст може да ја засили државната дипломатија и дека ваквите институции се клучни за градење доверба, економска соработка и европска перспектива на земјата.

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, подвлече дека отворањето на конзулатот е признание за Битола како град со силен европски дух и дипломатско наследство.

„Фактот што почесниот конзулат се наоѓа токму на Виенска улица носи длабока симболика и потсетува на историските врски меѓу Битола и Австрија“, изјави Коњановски, нагласувајќи дека локалната самоуправа ја гледа оваа институција како можност за нови соработки во културата, економијата, туризмот и образованието.
 

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски

Со свеченото откривање на грбот и сечењето на лентата, Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола и официјално го започна своето работење, означувајќи ново поглавје во австриско–македонските односи и уште една европска точка на дипломатската мапа на градот.
 

Свечено отворен Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола
Игор Божиновски, почесен конзул на Република Австрија во Битола
Свечено отворен Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола
Свечено отворен Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола
Свечено отворен Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола
Свечено отворен Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола
Свечено отворен Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола
Tags
Игор Божиновски

Најнови

  • Свечено отворен Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола

    Битола и Виена повторно на иста адреса: Свечено отворен Почесниот конзулат на Република Австрија во Битола

    Fri, 12/19/2025 - 20:00
  • Irina Atanaskova, позната како Ina Nameless

    Со Ирина Атанаскова: За уметноста да се биде мајка и уметник и за пријателот што го спасува денот

    Fri, 12/19/2025 - 14:30
  • dm Secret Santa

    За сите оние кои имаат сѐ, оние кои не сакаат ништо и оние кои треба посебно да ги израдуваме: идеи кои го спасуваат секое празнично купување на подароци

    Fri, 12/19/2025 - 13:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.