• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Битола блесна како Холивуд: Широк Сокак се украси со нови ѕвезди, во чест на светската кинематографија и Браќа Манаки!

23 септември 2024, 13:32
  • cподели

Во срцето на Битола, главната шетачка улица – Широк Сокак – засвети уште посјајно! Компанијата „Божиновски часовници и накит“ во соработка со Фестивалот „Браќа Манаки“ го прославува богатото наследство на светската кинематографија со проект за поставување ѕвезди кои ќе ги обележат имињата на сите досегашни добитници на престижната награда „Златна камера 300“.

Браќа Манаки - ѕвезди Браќа Манаки - ѕвезди Браќа Манаки - ѕвезди

„Поставувањето на ѕвездите е симбол на вечната благодарност кон оние кои го вложиле своето срце и душа во создавањето на магијата на големата платна. Секоја ѕвезда ќе ја раскажува приказната на добитниците на „Златна камера 300“, претворајќи го Широк Сокак во жив музеј на кинематографските достигнувања. Пешачењето низ Широк Сокак, од денес ќе биде и патување низ годините на постигнувања, креативноста и инспирација и ќе има за цел да го инспирира секој еден човек кој помине низ улицата да продолжи да верува во силата на уметноста“, изјавија од Божиновски часовници и накит.

Браќа Манаки - ѕвезди Браќа Манаки - ѕвезди Браќа Манаки - ѕвезди Браќа Манаки - ѕвезди

Компанијата заедно со организаторите на фестивалот „Браќа Манаки“ секоја година преку бројни проекти се трудат да направат исчекор чија цел е Битола да се трансформира во динамичен културен центар.

„Со секоја нова ѕвезда, градот Битола станува уште поголем дел од глобалната филмска сцена, одразувајќи ја својата посветеност кон уметноста и креативноста. Овие ѕвезди ќе го инспирираат младите таленти и ќе го поттикнат градот да продолжи да биде место каде што се вирее креативноста“, потенцираат од компанијата.

Браќа Манаки - ѕвезди Браќа Манаки - ѕвезди Браќа Манаки - ѕвезди Браќа Манаки - ѕвезди Браќа Манаки - ѕвезди Браќа Манаки - ѕвезди Браќа Манаки - ѕвезди Браќа Манаки - ѕвезди Браќа Манаки - ѕвезди

Проектот е круна на долгогодишната соработка помеѓу оваа битолска компанија и фестивалот и е доказ дека состработката меѓу приватниот сектор и културните институции може да донесе значајни придонеси во заедницата и на тој начин креативно да се оживуваат градовите. .

Овој проект е одличен пример за тоа како љубовта кон уметноста и филмот може да ја збогати заедницата и да ја поттикне културната експресија во секој агол на градот.

Браќа Манаки - ѕвезди Браќа Манаки - ѕвезди Браќа Манаки - ѕвезди Браќа Манаки - ѕвезди Браќа Манаки - ѕвезди Браќа Манаки - ѕвезди Браќа Манаки - ѕвезди

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.