• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Бимилк станува партнер на НУ Народен театар - Битола за поддршка на културата и уметноста

10 јули 2026, 15:03
  • cподели
Бимилк со поддршка на Народен театар Битола

Бимилк и НУ Народен театар - Битола воспоставија партнерство насочено кон поддршка на културата, уметноста и развојот на локалната заедница. Партнерството беше официјализирано со потпишување на договор за соработка помеѓу Полексена Јанкуловска, маркетинг директор на Бимилк и Васко Мавровски, директор на НУ Народен театар - Битола, во рамки на прес-конференцијата по повод најавата на новата премиера на НУ Народен театар - Битола, претставата „Кориолан“, во режија на Џон Блондел, по текст на Вилијам Шекспир.

Бимилк со поддршка на Народен театар Битола
Полексена Јанкуловска, маркетинг директор на Бимилк и Васко Мавровски, директор на НУ Народен театар - Битола

Како општествено одговорна компанија, Бимилк континуирано поддржува проекти кои придонесуваат за развојот на заедницата. Преку партнерството со НУ Народен театар - Битола, компанијата ја потврдува својата посветеност кон поддршка на културата и уметноста, препознавајќи ја нивната важна улога во општествениот развој.

„Во Бимилк веруваме дека успешните компании имаат важна улога во поддршката на иницијативи кои создаваат долгорочна вредност за заедницата. Културата и уметноста се суштински дел од општествениот развој, а токму Народниот театар - Битола е една од институциите кои со својата долгогодишна работа, посветеност и уметнички достигнувања континуирано придонесуваат за збогатување на македонската културна сцена. Особено сме горди што воспоставуваме партнерство со театар кој низ годините изгради препознатлив уметнички идентитет, создаде значајни претстави, освои доверба кај публиката и остави силен белег во културниот живот не само во Битола, туку и пошироко. За нас, поддршката на Народниот театар - Битола претставува вложување во заедницата, во креативниот потенцијал на младите генерации и во вредностите кои остануваат значајни и препознатливи низ времето“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг директор на Бимилк.

Полексена Јанкуловска, маркетинг директор на Бимилк и Васко Мавровски, директор на НУ Народен театар - Битола

Ова партнерство создава можности за реализација на културни содржини и проекти кои придонесуваат за збогатување на културниот живот и доближување на уметноста до пошироката јавност.

„Поддршката од општествено одговорни компании како Бимилк е од исклучително значење за развојот на културните институции и реализацијата на амбициозни уметнички проекти. Партнерствата меѓу компаниите и културните институции создаваат можности за реализација на содржини со висока уметничка вредност и придонесуваат за унапредување и промоција на македонската култура. Веруваме дека оваа соработка ќе претставува значаен поттик за нашите идни проекти и активности“, изјави Васко Мавровски, директор на НУ Народен театар - Битола.

Со оваа соработка, Бимилк и НУ Народен театар - Битола ја потврдуваат важноста на партнерствата меѓу компаниите и културните институции во поддршката на културното творештво, развојот на културниот живот и создавањето трајни вредности за заедницата.

Бимилк со поддршка на Народен театар Битола
Бимилк со поддршка на Народен театар Битола
Tags
Бимилк
НУ Народен театар - Битола

Најнови

  • Водителката Александра Пановска Илиевска со ќеркичката и сопругот на одмор во Хрватска

    Fri, 07/10/2026 - 15:50
  • Бимилк со поддршка на Народен театар Битола

    Бимилк станува партнер на НУ Народен театар - Битола за поддршка на културата и уметноста

    Fri, 07/10/2026 - 15:03
  • „Немав пари да си го погребам детето, немав за леб, за ништо“: Јулија Мациевска за трагичните моментите кога ја изгуби ќерката од рак

    Fri, 07/10/2026 - 14:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.