• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Бимилк со вклучување во иницијативата Донирај компјутер повикува на поддршка од компаниите за социјално загрозени семејства

1 октомври 2021, 12:10
  • cподели

Битолска млекара подари iPad-и за социјално загрозени семејства со цел да даде придонес кон обезбедување опрема што повеќе деца непречено да ја следат училишната настава. Целосно функционалните таблет уреди се доставени преку платформата Донирај компјутер до семејствата кои имаат потреба од ваква опрема, а не можат да обезбедат.

Платформата Донирај компјутер е иницијатива за донирање користена но исправна и оперативна компјутерска опрема, со мисија да им се овозможи на децата непречено образование за време на пандемијата. Платформата функционира преку воспоставен систем на нивната Фејсбук страница „Донирај компјутер“ каде секој што има потреба се пријавува и обезбедува потврда од институција дека е од социјален ризик.

Донација

Со оваа донација Битолска млекара ја поздравува иницијативата Донирај компјутер како исклучително корисна и повикува и други компании да се вклучат и да ја поддржат, затоа што денешното живеење не може да се замисли без компјутер, а со појавата на пандемијата, се зголеми потребата за поседување компјутерска опрема во секој дом, посебно заради неопходноста при учење од далечина.

Како одговор на таа потреба, освен оваа донација, во текот на изминатиот период откако започна онлајн наставата, Битолска млекара донираше лаптопи и за децата од СОС Детско село.

Tags
Бимилк
Донирај компјутер

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.