• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Бимилк со поддршка за отворање на новата градинка на ЈОУДГ „Мајски Цвет“

26 ноември 2025, 00:06
  • cподели

Бимилк, компанија која традиционално го одбележува Меѓународниот ден на детето – 20 ноември со активности насочени кон најмладите, и оваа година ја продолжува својата посветеност кон поддршка на заедницата. Во рамките на своите општествено одговорни иницијативи, компанијата оваа година даде поддршка за финализирањето на новиот објект на ЈОУДГ „Мајски Цвет“ – градинката „Пчеличка“, со што се овозможува создавање на подобри услови за згрижување на поголем број деца во Општина Битола.

Поддршката од Бимилк придонесува новата градинка целосно да го подготви просторот за прием на децата, обезбедувајќи безбедна, поттикнувачка и функционална средина за нивниот престој, игра и развој.

Директорката на установата, Кристина Лајмановска, истакна дека со комплетирањето на објектот, градинката е целосно функционална и претставува место каде што голем број деца ќе бидат згрижени и ќе можат безбедно и безгрижно да растат, да учат и да сонуваат.

„Сакам да изразам особена благодарност до компанијата Бимилк за донацијата која е од голема важност за нашата институција. Со поставувањето на заштитната ограда, директно се придонесе за зголемување на безбедноста на нашите најмлади, создавајќи безбедна и заштитена средина за нивно играње и развој. Поддршката за комплетирањето на овој објект, не само што ја надминува потребата за физичка безбедност на децата, туку е и длабоко ценет чекор кон општествената одговорност и партнерството во заедницата, со што се покажа дека Бимилк е вистински пријател на децата и на образованието“, изјави Лајмановска.

Од Бимилк посочуваат дека поддршката на најмладите и на образовните институции е важен дел од корпоративните вредности на компанијата: 

„Како компанија која со децении вложува во развојот на локалната и националната заедница, веруваме дека инвестицијата во најмладите е највредната инвестиција што може да се направи. 
Секое дете заслужува безбедна, поттикнувачка и топла средина во која може да расте, да учи и целосно да го развива својот потенцијал затоа ние и понатаму остануваме посветени на тоа да ја поддржуваме заедницата таму каде што нашата поддршка е најпотребна.“ изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер од Бимилк.

Градинката „Пчеличка“ е создадена со адаптација на дел од поранешниот „Дом за доенчиња и мали деца“, Битола, со што се добива уште еден неопходен објект во рамките на ЈОУДГ „Мајски Цвет“. Располага со капацитет за згрижување на 70 деца од предучилишна возраст до 6 години. Со поддршката на Бимилк, „Пчеличка“ добива уште побезбедна и функционална средина, а бројни семејства од Битола – значајна поддршка во грижата за нивните најмлади.

Tags
Бимилк

Најнови

  • Бимилк со поддршка на градинки

    Бимилк со поддршка за отворање на новата градинка на ЈОУДГ „Мајски Цвет“

    Wed, 11/26/2025 - 00:06
  • Мишел Обама ги разгоре гласините за „Оземпик“ со видливо повитка фигура

    Tue, 11/25/2025 - 18:30
  • Дилан Милс

    Kако бебе преживеа пожар со страшни изгореници, сега е прогласен за Крал на матурската прослава

    Tue, 11/25/2025 - 13:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.