• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Бимилк со поддршка на панел дискусијата со д-р Владимир Трајковски за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост

19 ноември 2024, 08:30
  • cподели

На 16 ноември во Битола се одржа панел дискусијата „Предизвиците со кои се соочуваат родителите на децата со аутизам во новата ера“ поддржана од Бимилк и Општина Битола. Настанот беше организиран од Центарот за подобрување на квалитетот на живот на лицата со интелектуална попреченост и нивните семејства „Порака нова“.

Главниот предавач на настанот беше проф. д-р Владимир Трајковски кој е од Институт за специјална едукација и рехабилитација на Филозофскиот факултет при УКИМ но истовремено е и претседател на Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА), а со своето предавање отвори многу теми кои ги засегаат родителите кои имаат деца со аутизам.

Панел дискусија

Овој настан имаше за цел да поттикне поголема свесност за предизвиците со кои се соочуваат родителите и семејствата на децата и лицата со аутистичен спектар на нарушување, а интересот беше исклучително висок.

Кои се најголемите предизвици со кои се соочуваат лицата со аутизам, нивните родители и семејства, во кои сегменти недостига системска поддршка и како влијае новото време и технологијата врз квалитетот на нивните животи, кои се придобивките а кои ризиците од денешната технологија што можат да имаат влијание, беа само дел од прашањата кои се отворија на панел дискусијата.

„Треба на родителите да им се дава психо-социјална поддршка за да можат да се справат со секојдневните проблеми како дома, така на училиште и во здравствениот систем, бидејќи Македонија назадува во следење на светските трендови во смисла на здравствена заштита и вистинско инклузивно образование” изјави проф. д-р Владимир Трајковски, претседател на Македонското научно здружение за аутизам.

Панел дискусија

Салата на Советот на Општина Битола беше преполна од посетители кои се засегнати на оваа тема, психолози, педагози, дефектолози, претставници од институции но присутни беа и родителите кои директно се засегнати со оваа проблематика и кои директно ја водат оваа борба со системот.

Бимилк како општествено одговорна компанија, ја зема предвид и улогата во едукацијата и развојот на младите, како и на родителите, во пренесување на знаење и вредности и на тој начин активно учествува во создавање здрава, едуцирана и одговорна младина. Ова е дел од проектите кои Бимилк ги создава и поддржува под платформата „Растеме заедно“ и континуирано ќе продолжи да едуцира за подобра иднина на младите.

Панел дискусија

Најнови

  • Бруно Марс

    Бруно Марс се жени во спотот за романтичната балада „Risk It All“

    Wed, 03/04/2026 - 16:46
  • „Горе конечно си дете. Таму мама ќе те бакнува, без солзи, без страв, без темнина…“: Трогателна песна за малата Катја и Ивана

    Wed, 03/04/2026 - 14:17
  • Vape

    Различни пристапи во борбата против пушењето: додека други охрабруваат алтернативи, кај нас се воведуваат забрани

    Wed, 03/04/2026 - 13:52
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.