• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Бимилк го одбележа Светскиот ден на млекото со донација за семејствата кои добија принова во најголемите родилишта во земјава

1 јуни 2021, 16:49
  • cподели

Светскиот ден на млекото - 1 јуни, Бимилк како најголема компанија во млечната индустрија во земјава го одбележа со донација за сите семејства кои денеска добија принова во најголемите родилишта во земјава - Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, Специјалната болница по гинекологија и акушерство „Мајка Тереза“ - Чаир, како и Клиничката болница во Битола.

Бимилк

Донацијата се состои од Битолско млеко и Битолско млеко со 10 витамини, чии изразени здравствени придобивки произлегуваат од збогатениот состав со десетте најпотребни витамини во совршен сооднос за задоволување на дневните потреби за целото семејство.

„Одбележувањето на Светскиот ден на млекото произлегува од важноста на млекото како глобална секојдневна храна. Во таа насока е и нашата донација, како поддршка на семејствата што добија принова, да се чувствуваат енергично и здраво во овие важни моменти, затоа што грижата за децата, посебно за новороденчињата секогаш започнува од грижата за себе, за сопствената психичка и физичка виталност. Но, исто така и да потсетиме дека млекото е единствената храна што ја примаме од првиот ден и во текот на целиот живот, токму затоа што се неопходни придобивките од млекото за организмот од секоја возраст”, изјавија од Бимилк.

Бимилк

Дополнително, сите новороденчиња од Бимилк добија и радосници, каде што нивните родители ќе може да ги забележат првите најважни, незаборавни и среќни моменти од животот.

Веќе традиционално, компанијата Бимилк на хуманитарен начин го одбележува Светскиот ден на млекото со донации за повеќе организации и здруженија, водејќи сметка за доброто здравје на социјално ранливите категории, особено за децата.

Бимилк
Tags
Бимилк

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.