• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Били Кристал ќе го замени Еди Марфи за Оскарите

11 ноември 2011, 11:04
  • cподели

Били Кристал ќе ја преземе улогата на водител на свеченото доделување на Оскарите, откако Еди Марфи се откажа.

63-годишниот комичар им се обратил на своите следбеници на Twitter за да им ја соопшти новоста. „Ќе ги водам Оскарите за младата жена во аптеката да престане да ме прашува како се викам кога одам да си ги земам лековите. Со нетрпение го очекувам шоуто“ – напишал Кристал.

Били Кристал

Били Кристал досега ги водел Оскарите осум пати. „Некои од најдобрите моменти во мојата кариера се случија на сцената на Оскарите. Пресреќен сум што ќе се вратам таму“ – изјавил преку соопштение Кристал.

Еди Марфи се откажа од улогата на домаќин во знак на поддршка на продуцентот Брет Ратнер, кој минатата недела се повлече од функцијата поради изречени навредливи коментари кон луѓето со хомосексуална ориентација.

Доделувањето на Оскарите ќе се одржи на 26 февруари 2012 година во Кодак театарот во Лос Анџелес.

Tags
Еди Марфи
Били Кристал
Оскари
Оскари 2012

Најнови

  • Мандар ја сподели првата фотографија со Дариа и новородената ќеркичка во болница, славеше за приновата со другарите

    Tue, 07/14/2026 - 08:23
  • Кание Вест во Албанија

    ВИДЕО: Кание Вест со концерт во Тирана, Еди Рама ја бранеше контроверзната владина поддршка од 4 милиони евра

    Mon, 07/13/2026 - 23:00
  • Трифун Костовски и Јасна Петков Костовска

    80-годишниот Трифун Костовски слави со 52-годишната партнерка Јасна Петков Костовска во Ровињ пред судењето

    Mon, 07/13/2026 - 22:22
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.