• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Бил зависник, ја тепал мајка ѝ, често се карале... Бремената Ријана тагува поради смртта на татко ѝ Роналд

2 јуни 2025, 12:40
  • cподели

Таткото на Ријана го напушти овој свет на 70-годишна возраст.

37-годишната пејачка, која е бремена со третото дете, тагува по Роналд Фенти со кого имаше променливи односи во текот на животот. Тој почина вчера во Лос Анџелес, а точната причина за смртта сè уште не е објавена. Според информациите, Фенти починал по „кратко боледување“.

Роналд Фенти Роналд Фенти

Ријана има отворено зборувано за зависноста на татко ѝ од дрога и алкохол, која водела до физичко насилство во нивниот дом. Роналд ја малтретирал и тепал сопругата Моника, а Ријана честопати застанувала меѓу нив за да ги раздели. Караниците ѝ предизвикувале толку силни главоболки на пејачката, што докторите дури помислувале и дека има тумор.

Роналд Фенти

Роналд и Моника се развеле кога Ријана имала 14 години и нејзината здравствена состојба започнала да се подобрува.

Роналд Фенти

Бидејќи мајка ѝ морала да работи прекувремено за да го прехрани семејството, таа ги преземала обврските околу грижата за нејзините браќа. Копнежот да избега од насилниот татко ѝ бил движечка сила за да ја лансира својата музичка кариера на 15-годишна возраст.

Ријана повеќепати имала јавни проблеми и конфликти со Роналд, а во 2019 година го тужеше затоа што се обидувал да ја искористи нејзината слава за да заработи пари.

Роналд Фенти Роналд Фенти

Нивната врска се подобрила во изминатите неколку години, а тој бил пресреќен кога во 2022 година дознал дека ќе добие внуче.

Ријана е во врска со раперот Ејсап Роки од 2021 година. Нивниот прв син се роди во 2022, а вториот син во 2023 година. Во мај, на овогодишната МЕТ гала, Ријана се појави со пораснато стомаче и потврди дека го очекува третото дете.

Ријана Ријана Роналд Фенти

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.