• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Бијонсе во проѕирна гламурозна креација од Ели Сааб на премиера со Џеј Зи

21 септември 2026, 11:55
  • cподели

Бијонсе заведуваше на премиерата на новиот документарен серијал на нејзиниот сопруг Џеј Зи во Њујорк.

Бијонсе

45-годишната музичка ѕвезда го придружуваше раперот на промоцијата на „JAŸ-Z In 8“, а за вечерта избра впечатлива црна креација од високата мода на Ели Сааб.

Транспарентниот фустан ја следеше нејзината силуета и беше богато украсен со црни апликации и светкави детали кои создаваа раскошен орнаментален ефект.

Бијонсе го надополни стајлингот со долги проѕирни ракавици, а русата коса ја носеше пуштена во крупни бранови. Дискретната шминка го задржа фокусот на впечатливата креација.

Бијонсе и Џеј Зи
Бијонсе

Премиерата беше посветена на новиот осумделен документарен серијал „JAŸ-Z In 8“, во кој Џеј Зи разговара со продуцентот Рик Рубин за музиката, стиховите, животните искуства и креативниот процес.

Во разговор за Extra на премиерата, 56-годишниот музичар зборуваше и за влијанието на неговата сопруга врз неговото творештво.

„Таа многу ме инспирира. Феноменален продуцент и текстописец е. И бестрашна е, пробува најразлични нешта“, изјави тој, додавајќи дека нејзината работа како продуцент понекогаш останува во сенка на нејзиниот исклучителен вокал.“

„Таа е неверојатен продуцент. Мислам дека бидејќи е толку извонредна пејачка, луѓето потценуваат колку е добра како продуцент. Таа е една од најдобрите што сум ги видел“ - додаде Џеј Зи.

Првите две епизоди од „JAŸ-Z In 8“ беа објавени на HBO на 18 септември.

Бијонсе
Бијонсе
Бијонсе
Tags
Бијонсе
Џеј Зи

Најнови

  • Бијонсе

    Бијонсе во проѕирна гламурозна креација од Ели Сааб на премиера со Џеј Зи

    Mon, 09/21/2026 - 11:55
  • „Среќен 40-ти роденден, тато“: Ќеркичката на Мартин од Next Time будна на полноќ за да дуваат свеќички на тортата

    Mon, 09/21/2026 - 11:43
  • Водителката Верица Донев со слатка трудничка фотосесија со малото синче

    Mon, 09/21/2026 - 10:49
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.