• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Бијонсе и Џеј-Зи се најплатен селебрити пар

7 август 2012, 13:07
  • cподели

Славните личности се познати по кратките врски и бракови. Само во изминативе година дена завршија браковите на Кејти Пери и Расел Бренд, Ештон Кучер и Деми Мур, Том Круз и Кејти Холмс и Хајди Клум и Сил, но исто така и врските на Роберт Патинсон и Кристен Стјуарт и Џорџ Клуни и Елизабета Каналис.

Сепак, во турбулентниот Холивуд некои парови успеваат да ја одржат својата љубов стабилна и во меѓувреме да ги наполнат уште повеќе своите банкарски сметки.

Бијонсе и Џеј-Зи1. Бијонсе и Џеј-Зи

Форбс ја објави листата на најплатени селебрити парови, а на првото место застанаа музичките ѕвезди Бијонсе и Џеј-Зи. Популарниот пар во периодот од мај 2011 до мај 2012 заработил вкупно 78 милиони долари. Од нив, најмногу милиони се складирале на нивната сметка благодарение на Бијонсе, која иако правеше пауза поради бременоста, заработи 40 милиони долари. Џеј-Зи не заостанува многу. Почитуваниот рапер однел дома 38 милиони долари.

Жизел Бундхен и Том Брејди 2. Жизел Бундхен и Том Брејди

Жизел Бундхен и Том Брејди го напуштија ланското прво место и со заработка од 72 милиони долари застанаа на второто место. Познатата манекенка со чувството за бизнис и со својата препознатлива убавина успеала да заработи 45 милиони долари, додека нејзиниот сопруг спортист има придонес од „само“ 27 милиони долари.

Дејвид и Викторија Бекам3. Дејвид и Викторија Бекам

Бекамови оваа година ги турнаа Бранџелина едно место надолу. Дејвид и Викторија Бекам со заеднички сили присвоиле 54 милиони долари. Дејвид е заслужен за најголем дел од заработката. Во текот на една година тој заработил 46, а неговата модерна сопруга 8 милиони долари.

Анџелина Џоли и Бред Пит 4. Анџелина Џоли и Бред Пит

Најпознатиот холивудски пар го доби четвртото место. Анџелина Џоли и Бред Пит заедно заработиле 45 милиони долари. Во тоа богатство Бред учествува со 25 милиони, а неговата прекрасна свршеница со 20 милиони долари.

Вил Смит и Џејда Пинкет Смит5. Вил Смит и Џејда Пинкет Смит

Минатата година петтото место им припадна на Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон, кои неодамна се разделија, а оваа година последното место на листата го презедоа Вил Смит и Џејда Пинкет Смит со заработка од 40 милиони долари. Вил, кој е еден од најплатените актери во Холивуд, заработил 30 милиони долари, а неговата сопруга, која беше дел екипата на хитот „Madagascar 3: Europe’s Most Wanted“, заработила 10 милиони долари.

Tags
Бијонсе
Џеј-Зи
Forbes
најплатен пар

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.