• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Биди причината што нечие срце продолжува да чука“: Каролина Гочева со силна порака за органодарителството

11 август 2026, 15:30
  • cподели
Каролина Гочева

Каролина Гочева го искористи својот глас за да испрати порака која може да поттикне на размислување, да ја подигне свеста, а можеби и да спаси нечиј живот.

Македонската пејачка сними видео посветено на органодарителството, во кое зборува за луѓето кои живеат со надеж дека навреме ќе го добијат повикот којшто за нив значи нова шанса за живот.

„Македонското девојче“ потсетува и на огромната моќ што ја носи една одлука: еден донатор може да спаси до осум човечки животи.

Еве ја нејзината порака во целост:

Статистиката вели, на секои 9 минути ново име се запишува на листата на чекање за дарување на орган. Во секој момент, повеќе од 100.000 луѓе ја чекаат својата нова шанса за живот, но за жал, ногу од нив и не успеваат да ја дочекаат.

Го имаме и фактот дека еден донатор може да спаси до 8 животи, што би требало многу да ја олесни и охрабри одлуката за донирање, затоа што донирањето на орган е пред сè еден несебичен чин, а одлуката да спасите нечиј живот едноставно ве прави бесмртни.

Со изборот да донирате, вашата приказна не завршува со вас, туку продолжува да живее низ некој друг. А кога веќе ќе нè нема, не можеме со нас да ги понесеме отчукувањата на срцето, но можеме да ги оставиме да донесат радост и љубов во нечиј друг живот.

Затоа, биди причината што нечие срце продолжува да чука. Биди чудото за кое толку многу семејства сонуваат. Биди херој, спаси живот!

Tags
Каролина Гочева
органодарителство

Најнови

  • Каролина Гочева

    „Биди причината што нечие срце продолжува да чука“: Каролина Гочева со силна порака за органодарителството

    Tue, 08/11/2026 - 15:30
  • Браќа Манаки 2026

    „Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“

    Tue, 08/11/2026 - 15:01
  • Секоја чест: Медицински лица херојски ги штитеа новороденчињата за време на разорниот земјотрес во Колумбија

    Tue, 08/11/2026 - 14:27
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.