• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Би преноќиле ли тука? Ледениот хотел во Шведска ги отвора вратите со нов изглед

21 декември 2017, 20:22
  • cподели

Во далечните северни краишта на Шведска е лоциран хотел изработен исклучиво од мраз и снег. Фактот што шведскиот хотел во близина на Јукасјерви е првиот мразен хотел досега, не е единственото нешто што го прави овој хотел уникатен и неодолив за вистинските авантуристи и љубители на зимата. Хотелот се гради одново секоја година, а секое ново подигнување го изведуваат уметници од различни места во светот.

Годинава се изгради 28-та верзија на хотелот, кој своите врати ги отвори за посетители на 15 декември.

Хотел од снег и мраз Хотел од снег и мраз Хотел од снег и мраз Хотел од снег и мраз

Хотелот е за првпат изграден во 1990 година и оттогаш не престанува да изненадува со својата оригиналност и ексцентричност. Идејата за ваков необичен хотел се развила од изложбата на скулптури од мраз поставена од јапонски уметници во 1989 година, токму на локацијата каде што денес се наоѓа хотелот.

Следната година, француски уметник поставил изложба на истото место, а меѓу останатите скулптури, се наоѓало игло со цилиндрична форма. Некои од посетителите на изложбата побарале да преноќеваат во иглото бидејќи во најблискиот град немало слободни места. Откако првите случајни „гости“ биле презадоволни од искуството, следната година започнала официјалната изградба на хотел од мраз, наменет и отворен за посетители.

Хотел од снег и мраз Хотел од снег и мраз Хотел од снег и мраз Хотел од снег и мраз Хотел од снег и мраз Хотел од снег и мраз

Хотелот се наоѓа во близина на реката Турне којашто ги снабдува уметниците со градежни материјали. Секоја година околу март, од реката се вадат над 900 тони мраз и 27.000 тони снег, кои се складираат во посебни сали. Интересно е тоа што во склоп на хотелот никогаш нема ниту две соби кои се исти – секоја соба е своевидно авторско и неповторливо уметничко дело потпишано од различни уметници. Хотел од снег и мраз Хотел од снег и мраз Хотел од снег и мраз Хотел од снег и мраз

Собите во хотелот никогаш не се загреваат и температурата е секогаш одржувана на околу -5 степени. Но, за да се овозможи безбедно преноќевање, на гостите им се даваат посебна опрема за спиење и крзна од ирваси. Хотелот зафаќа околу 6.000m2, а неговата архитектура е различна секоја година бидејќи, штом дојде пролетта, хотелот се топи и сѐ се враќа таму од каде што претходно било извадено – во реката Турне.

Оваа година, хотелот беше изграден со употреба на 30.000m3 замрзнат снег и над 500 тони чист мраз. Гостите можат да изберат од 35-те уникатни апартмани кои се изработени од 36 уметници од 17 различни држави. Ресторанот во склоп на хотелот нуди широко мени на специјалитети подготвени од локални намирници, а се организираат и курсеви за вежбање соодветно за студените услови, како на пример арктичка јога.

Хотел од снег и мраз Хотел од снег и мраз Хотел од снег и мраз Хотел од снег и мраз Хотел од снег и мраз Хотел од снег и мраз Хотел од снег и мраз
Tags
хотел од мраз
мраз

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.