• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Безвременско поместување на сетилата со Божиновски и Longines

4 септември 2025, 06:08
  • cподели

Скопје, спортски аеродром Стенковец – Божиновски часовници и накит, во соработка со швајцарскиот бренд Longines, приредија уникатен настан кој ги спои елеганцијата, авијацијата и безвременската прецизност во едно единствено доживување.

Под мотото „Кога стрелките се на нула, сетилата се на стотка“, гостите беа дел од вечер во која часовникот престана да биде мерка за време и се претвори во симбол на моментот. Настан кој ја надмина рамката на класична презентација и стана искуство – патување во „нулта временска зона“- ZULU Time.

Божиновски и Longines

Longines Spirit Zulu Time – враќање кон авијациското наследство

Оваа специјална вечер беше посветена на линијата Longines Spirit Zulu Time – серија инспирирана од авијацијата и глобалната временска синхронизација (Zulu Time, UTC или GMT). Со корени во 1925 година, кога Longines го претстави својот прв GMT рачен часовник, колекцијата денес ги обединува традицијата и модерниот дух.

COSC-сертифициран автоматски механизам, 24-часовна GMT функција (функција на покажување втора временска зона) и дизајн кој е истовремено спортски и софистициран – создадени за патници, авантуристи и визионери кои живеат во свој ритам, на кои временските зони им се секојдневие.

Вечер на елеганција и адреналин

Амбасадор на линијата е британскиот актер Henry Cavill, современо олицетворение на мотото Elegance is an Attitude. Но вистинските амбасадори на вечерта беа гостите – внимателно одбрани членови на лојалната програма на Божиновски часовници и наки, кои имаа привилегија да ја искусат оваа премиера.

Програмата беше совршено темпирана: aкробатски летови изведени во „златниот час“ од единствениот активен лиценциран акробатски пилот во Македонија - Јован Трајков, го разбудија авантуристичкиот дух на авијацијата и адреналинот помеѓу гостите; настап на култниот македонски бенд Фолтин кој се одвиваше во часовите после зајдисонце, обоени во сините тонови на Longines, чија музика создаде безвременска атмосфера; како и брендиран гастрономски кетеринг од врвните шефови на Marriott предводени од креативниот Кирил Ставрев, што им подари на гостите едно сетилно патување низ вкусови, емоции и адреналин.

Доживување што не припаѓа на една временска зона

Со овој настан, Longines им се претстави на македонските љубители на часовници и потсети дека прецизноста, елеганцијата и авантуристичкиот дух не се само дел од историјата, туку и од сегашноста.

Вечерта на спортскиот аеродром во Скопје беше доказ дека времето не се мери само во секунди и часови – туку во емоции, спомени и искуства кои траат вечно.

А како изгледа „нулта временска зона“?

Најдобро ќе ја почувствувате преку фотогалеријата од настанот.

Божиновски и Longines Божиновски и Longines Божиновски и Longines Божиновски и Longines Божиновски и Longines Божиновски и Longines Божиновски и Longines Божиновски и Longines Божиновски и Longines Божиновски и Longines Божиновски и Longines Божиновски и Longines Божиновски и Longines Божиновски и Longines Божиновски и Longines Божиновски и Longines

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.