• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мирисање оригами

Без другари е тажно, другарството е ВАЖНО

11 ноември 2013, 09:42
  • cподели

Човек не може никогаш да биде целосно сигурен во одредени нешта. Јас можам да констатирам две сигурни работи: денеска полнам 28 години и пријателите се најголемото богатство кое може да го поседуваме.

Всушност, тие се огледало на личноста. Поговорката „Со кој си – таков си“ не може да биде повистинита. А судејќи според изборот на пријатели којшто сум го направила, свечено и гордо изјавувам дека се доживувам себеси како успешна и среќна личност.

Денешното бурно време, покрај сите неволји кои ни ги приредува, злокобно успеа да ја измести перцепцијата за концептот пријателство. Секојдневно слушам разочарани гласови кои укажуваат дека – вистинско пријателство не постои. Љубам да се нарекувам себеси исклучок од правилото, затоа што ги имам вистинските покрај себе.

Пријателство

Пријатели се оние луѓе кои го имаат капацитетот да ги сакаат и можеби уште поважно, да ги почитуваат нашите несовршености. Без да звучи како излитена фраза, да бидат покрај тебе и во добро и во зло. Да бидеш сигурен дека можеш да чукнеш на нивната врата во секој момент, а тие да ти ја отворат, посакувајќи ти топло добре дојде и поддршка.

Вистинските пријатели се ретки како бисери во куп лајна. Тие се тука кога е потребно да ви ја кажат вистината, да ве бодрат кон остварувањето на целта и да ве пречекаат на самиот финиш со прегратка.

Велат дека ако сакаш работата да биде завршена, заврши си ја сам. Добро е најголем дел од времето човек да се потпира на себе, но без тоа зрно поддршка од пријателите, одговорно тврдам дека би биле едно големо НИШТО. Всушност, не им верувам на луѓето што немаат ниту еден пријател. Има нешто чудно, злобно и изопачено во нив.

Пријателството е еден тип на бизнис. Нудиш внимание и љубов, а за возврат добиваш уште повеќе. На крајот од денот, сите заработени пари не ви вредат ништо, без убав муабет и кафе со најдобриот другар.

Вистинското пријателство е лишено од беспотребно лутење за ситници, од фарси и фасади. Идејата е да те сакаат токму онаков каков што си, истовремено поттикнувајќи те да бидеш подобра верзија од себеси, секој нареден ден од животот. Нивните критики или сугестии се конструктивни и треба да се сфатат добронамерно, затоа што вистинските секогаш ти мислат добро.

Постојат и такви ликови кои, и покрај сè, се покажало дека не се добри другари. Времето ги открило нивните зли намери и нарави. Мојот совет е да не губите време со таквите и да ги отсечете од вашето секојдневие, без нималку каење или жал. Животецот е прекраток за вакви личности, кои слободно може да ги наречете епизодни ликови во вашата животна драма.

Времетраењето на дружбата, за жал, не гарантира квалитетно другарство. Колку поскоро ќе се ослободите од лошите емоционални вампири, толку побрзо ќе станете посреќни.

Кога станува збор за другари, важен е квалитетот, наместо квантитетот. Не ви требаат стотици, доволни ви се само вистинските.

Оние кои се оддалечиле од вас поради девојка, дечко или поради некои проѕирни и бескорисни аргументи, не ви биле судени и не се вредни за вашите солзи и нервози. Проголтајте го разочарувањето како горчлива таблета и храбро продолжете понатаму.

Вистинските пријатели знаат да утешат без илјада зборови, умеат да ви го погодат подарокот без да ве прашаат, нема да ви го заборават никогаш роденденот или датумот кој ви значи. Тоа се оние кои ја насетуваат вашата мака и болка и без да ја споделите и кои несебично ја множат и споделуваат вашата среќа. Во пријателството не постои простор за љубомора и зајадливост. Рецептот за успешно пријателство подразбира мешавина на внимание, искреност, љубов и безрезервна поддршка.

Пријателите се најдобрата зделка којашто сте ја склучиле и во која сте инвестирале, и се без сомнеж, богатство.

Кога ќе чукне судниот ден, ќе ме успокои помислата дека сум проживеала живот со вистински прекрасни пријатели. Гушнете ги вашите, додека не е доцна.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.