• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Бести доаѓа со серијал што руши табуа: dm продолжува со едукација и поддршка на младите девојки

13 мај 2026, 14:37
  • cподели
Бести

Бести, најдобрата другарка, поддршка и глас на младите девојки и студентки во рамки на проектот „Никогаш повеќе сама“, од виртуелен лик добива и своја физичка форма. Со тоа, dm drogerie markt ја продолжува својата посветеност кон менструалната правда и отвора ново поглавје во комуникацијата со младите - преку едукативен видеосеријал посветен на менструалното здравје.

Серијалот има за цел да им помогне на девојките и студентките отворено, сигурно и без срам да зборуваат за темите што често остануваат недоволно објаснети. Преку разговори со стручни лица од Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО), Бести ќе одговара на прашања поврзани со менструалниот циклус, менструалното здравје, симптомите, грижата за телото и важноста на навремената информираност.

Првата епизода од серијалот го поставува основното, но исклучително важно прашање: „Што е менструално здравје?“. Во неа, прим. д-р Искра Дукова, специјалист по гинекологија и акушерство при Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, објаснува што претставува менструалниот циклус и зошто е важно девојките да го разбираат како природен и значаен процес во женското тело.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by dm_makedonija (@dm_makedonija)

Проектот „Никогаш повеќе сама“ започна во октомври 2024 година, кога dm drogerie markt постави повеќе од 220 диспанзери со бесплатни хигиенски влошки на сите државни факултети низ земјата. Во текот на студентската 2024/2025 година беа донирани 230.000 поединечни Jessa влошки, со вкупна вредност од 1,8 милиони денари, со што проектот обезбеди конкретна и континуирана поддршка за студентките.

Поддршката продолжува и во академската 2025/2026 година, со нови количини хигиенски влошки и дополнително зајакнати едукативни активности. Во двата семестра се обезбедени повеќе од 320.000 поединечни Jessa влошки, чија вредност надминува 1 милион денари, а преку видеосеријалот, панел-дискусиите и другите содржини, dm и Бести продолжуваат да ја отвораат темата за менструалното здравје како важен дел од грижата за младите жени и нивното секојдневие.
 

Tags
Никогаш повеќе сама
dm

Најнови

  • Бести

    Бести доаѓа со серијал што руши табуа: dm продолжува со едукација и поддршка на младите девојки

    Wed, 05/13/2026 - 14:37
  • Горица резиденс: Урбан концепт на домување помеѓу зеленило и езерскиот хоризонт

    Wed, 05/13/2026 - 14:31
  • Александар Темелков со сопругата Сара

    Се венчаа кога тој имаше 24, а таа 16 години: Александар Темелков се разведува од сопругата Сара

    Wed, 05/13/2026 - 12:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.