• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Бела е најхрабрата суперхероина“: 11-годишно девојче го победи ракот и заѕвони на ѕвончето во болницата во која се излекува

8 октомври 2024, 07:07
  • cподели

Храбро девојче ја доби битката со остеосаркомот, екстремно редок вид на рак на коските.

11-годишната Бела победнички заѕвони на ѕвончето во болницата во којашто се излекува откако персоналот во болницата ја испрати со песна. Видеото споделено онлајн насолзи многу очи и голем број интернет корисници ѝ посакаа долг живот и здравје.

„Остеосарком воин, Бела е најхрабрата суперхероина која постои“ – стои во описот на видеото.

На Бела ѝ била дијагностицирана лошата болест на 10-годишна возраст. Првиот симптом бил силна болка во коленото кој мајка ѝ мислела дека се должи на истегнат мускул или повреден лигамент, бидејќи таа била мажоретка.

За жал, болката била присутна со недели, па семејството решило да ја одведе Бела во болница. На 20 декември 2023 година ѝ бил дијагностициран рак и ѝ било забрането да ја користи ногата, бидејќи постоела голема веројатност од кршење на коската.

Бела

По два дена, Бела започнала да прима хемотерапии, а неколку месеци подоцна ѝ била направена операција и ѝ бил ампутиран дел од ногата. Девет месеци подоцна, храбрата хероина ја доби тешката битка и беше дочекана со прегратки од родителите и поголемиот брат.

Бела Бела Бела Бела Бела

Од болницата „UF Health“ во Флорида напишаа:

Бела имаше само 10 години кога ѝ беше дијагностициран остеосарком, редок рак на коските, откако имаше постојана болка во коленото. Она што изгледаше како обична повреда се претвори во болест која ѝ го промени животот и таа започна лекување во Детската болница „UF Health Shands“.

Во изминатите 9 месеци, Бела смело помина хемотерапии и комплексна операција, наречена ротациопластика, каде ѝ беше ампутиран дел од ногата, но нејзиното стапало повторно беше прикачено за да ѝ се помогне да се движи. Сега, 11-годишната Бела слави важно постигнување: заѕвони на ѕвончето, кое го означува крајот на нејзиното лекување.

Следно за Бела и за нејзиното семејство е заслуженото патување во забавен парк, шанса заедно да прослават за победата.

Нејзината храброст и нејзината сила ги инспирираа сите околу неа.

Бела Бела Бела

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.