• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Балерината Стефанија Гаштарска: „Поминав низ тешко пореметување во исхраната, постојано се изгладнував“

5 октомври 2026, 09:19
  • cподели

Стефанија Гаштарска отворено проговори за борбата со нарушување во исхраната кое го имала во минатото за да испрати моќна порака дека треба најдобро да се грижиме за нашето тело.

Во објава на социјалните мрежи, македонската балерина, која со години гради успешна кариера на руската балетска сцена, откри дека во периодот кога била оптоварена со идејата за совршенство, се изгладнувала себеси, верувајќи дека строгите рестрикции се неопходни за да успее во балетот.

Денес, Стефи знае дека тоа не е воопшто точно и на своето искуство гледа од сосема поинаква перспектива. Сега таа зборува за важноста на правилната исхрана и грижата за телото, особено во професија која бара повеќечасовни секојдневни тренинзи и проби.

„Надминувањето на нарушувањето во исхраната беше најтешката битка во мојот живот, но токму лекувањето на мојот однос кон храната ме донесе на сцената во Санкт Петербург“ - пишува Гаштарска во описот на видеото во коешто раскажува за патот кон успехот.

„Во балетскиот свет, притисокот зад завесите може да биде тивко опасен. Долго време, бев заглавена во тој токсичен циклус. Поминав низ тешко пореметување во исхраната, постојано се изгладнував себеси, мислејќи дека рестрикциите се единствената цена за совршенството. Телото ми беше скршено, умот ми беше целосно истоштен... Но, погледнете каде сум денес.

Подготвувањето големи улоги како „Заспаната убавица“ на Михајловски не може да се случи преку прескокнување оброци. Стигнав дотука преку напорна работа, истрајност и едноставно преку јадење. Храната не ти е непријател, таа е горивото кое вистински им е потребно на мускулите за да преживеат часови интензивни проби и изведби.

Денес, конечно сум среќна, здрава и силна. Постојано работам на нови и возбудливи улоги. И да... јадам. Јадам здрави, балансирани оброци. Не бројам калории и никогаш не застанувам на вагата. Само хранете го добро вашето тело и уживајте во танцувањето. Толку е едноставно“ - вели Стефи во видеото објавено на Instagram.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Stefanija Gashtarska | Ballerina (@stefi.balet)

Гаштарска и претходно за Фемина зборуваше за начинот на кој се храни и за огромните физички напори кои ги бара балетот.

„Не се работи за тоа колку јадеш, туку што. Се работи за тоа како го храниш телото за да може да издржи десет часа во сала. Мојот режим не е строг во смисла на гладување, туку во смисла на дисциплина – точно знам што му треба на моето тело за енергија, а што му пречи.

Еден мој типичен ден почнува со многу лесен појадок, бидејќи не можам да вежбам со полн стомак. Најголемиот дел од калориите ги внесувам по пробите, кога на мускулите им треба опоравување. Фокусот ми е на протеини и баланс, а не на броење калории. Искрено, кога имаш толку интензивно темпо, телото само ти кажува што му треба. Не си го скратувам задоволството од добра храна, но свесна сум дека моето тело е мојот инструмент и затоа се однесувам одговорно кон него“ - сподели таа.

Стефанија Гаштарска

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Stefanija Gashtarska | Ballerina (@stefi.balet)

Стефанија уште од најрана возраст е посветена на балетот, а љубовта кон оваа уметност ја наследила од својата мајка Марија Крстевска, која исто така е балерина и има свое балетско студио за деца.

Нејзиниот успех беше препознаен и од руското издание на „Форбс“, кое ја избра меѓу осумте нови балетски ѕвезди кои се сметаат за иднината на рускиот балет.

Гаштарска е и првата Македонка која застанала на сцената на Бољшој театарот, остварувајќи го сонот кој го носела во себе уште од 8-годишна возраст.

Стефанија Гаштарска

Стефанија Гаштарска

Tags
Стефанија Гаштарска

Најнови

  • Балерината Стефанија Гаштарска: „Поминав низ тешко пореметување во исхраната, постојано се изгладнував“

    Mon, 10/05/2026 - 09:19
  • „Малку рај, малку сонце, малку среќа“: Миро Кацаров со сопругата Ивана на идиличен одмор на Малдиви

    Mon, 10/05/2026 - 08:18
  • „Бев присутен на породувањето, Ангела, ти се восхитувам“: Тајзи со фотографија со бебенцето и сопругата сподели дека стана татко

    Sun, 10/04/2026 - 15:07
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.