„Малку рај, малку сонце, малку среќа“: Миро Кацаров со сопругата Ивана на идиличен одмор на Малдиви
Миро Кацаров ужива во одмор од соништата со сопругата Ивана, а за нивната дестинација овој пат ги избраа идиличните Малдиви.
Далеку од секојдневните обврски и градската гужва, парот ги полни батериите под сончевите зраци опкружен со тиркизно море и бели песочни плажи.
Миро и Ивана споделија неколку фотографии од нивното патување, доловувајќи дел од атмосферата на тропскиот рај.
„Малку рај, малку сонце, малку среќа“ - напиша Миро во описот.
Миро и Ивана стапија во брак во септември 2023 година. Тие заедно имаат синче Тадеј кое се роди во ноември минатата година, а заедно се грижат и за Миа, ќерката на Ивана од првиот брак.
Во интервју за Фемина, Ивана неодамна зборуваше мајчинството и за својот сопруг за кого имаше само зборови исполнети со љубов и почит:
„Јас го гледам Миро како супер-татко на Тадеј, посветен во целост за секоја работа поврзана со него. Миро е личност која си го сака домот и фамилијата и тие му се пред сѐ во животот, па затоа сум сигурна дека ќе ми помага не само околу Тадеј, туку и околу сите други обврски што нè очекуваат како четиричлено семејство.“