• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Балансот и врската помеѓу храната, цревата и умот

12 јуни 2025, 19:42
  • cподели

Во денешниот свет, внатрешниот мир често изгледа како далечен остров, прекрасен, но недостижен. Го бараме преку медитација, апликации за внимателност, јога или викенд бегства. Но, што ако еден од најмоќните клучеви за рамнотежа е многу поблизу — скриен во изборите што секојдневно ги правиме на нашата трпеза?

Современите научни сознанија, што д-р Амина Шета, интернист, дијабетолог, нутриционист и доктор по медицински науки од областа на еднокринолоигијата ги сподели на првата регионална Баланс конференција, откриваат длабока врска помеѓу храната што ја консумираме, здравјето на нашите црева и нашата ментална и емоционална благосостојба. Древната мудрост „ние сме тоа што јадеме“ веќе не е само поговорка, таа станува и научен факт.

Разговорот помеѓу цревата и мозокот

Секој оброк што го јадеме започнува биохемиски дијалог помеѓу нашите црева и мозокот. Кога консумираме високо преработена храна богата со шеќери, нездрави масти, вештачки хормони и адитиви, не го оптоваруваме само варењето, туку го нарушуваме целиот нервен систем. Таквата храна ја исцрпува нашата витална енергија, оставајќи многу малку за обновување на ткивата и за одбранбениот систем. Со текот на времето, тоа води кон појава на хронични болести, автоимуни нарушувања и ментални проблеми како анксиозност и депресија. Воспалението предизвикано од лошата исхрана не влијае само на физичките органи, туку го менува и хемискиот баланс на мозокот, нарушувајќи ги невротрансмитерите што го регулираат нашето расположение и мисловен процес.

Зависноста од храна: скриената стапица

Многу преработени и генетски модифицирани намирници се создадени така што го активираат системот за награда во мозокот, прекумерно стимулирајќи ги допаминските рецептори. Оваа вештачка стимулација создава циклус на зависност од храна, каде што храната станува утеха, дополнително нарушувајќи ја внатрешната рамнотежа. Стресот дополнително го влошува проблемот. Кога сме под стрес, нивото на кортизол расте, што го нарушува балансот на шеќерот во крвта, метаболизмот на мастите и хормоналната хармонија. Резултатот? Затворен круг каде што лошите избори на храна водат кон ментален немир, а менталниот немир нè тера на уште полоши избори во исхраната.

Balans

Микробиомот: нашиот невидлив заштитник

Во срцето на оваа сложена рамнотежа се наоѓа микробиомот, огромната заедница на бактерии што живее во нашите црева. Овој внатрешен екосистем не само што го поддржува варењето, туку има клучна улога и во имунитетот, синтезата на витамини и менталното здравје. Над 70% од имуните клетки се наоѓаат токму во цревата. Кога микробиомот е здрав, тој произведува соединенија што нè штитат од стрес, го регулираат воспалението и ја стимулираат продукцијата на серотонин, хормонот на среќата. Но, кога овој екосистем се нарушува од лоша исхрана или хроничен стрес, страдаат и телото и умот.

Изградба на отпорност преку исхрана

За среќа, патот до внатрешниот мир не бара радикални промени или скапи додатоци. Започнува со правилен избор на храна, функционална храна богата со пробиотици и пребиотици, ферментирана храна што ја поддржува добрата бактеријална флора во цревата, ја намалува депресијата и го зголемува оптимизмот, ја регулира вознемиреноста и воспалителните процеси. На пример, функционалниот јогурт со пробиотици Баланс+, е одличен сојузник за одржување на дигестивната рамнотежа. Со својата комбинација на активни пробиотски култури, Баланс+ помага во регулација на варењето, подобрување на апсорпцијата на хранливи материи и стабилизирање на цревната флора, што е директно поврзано со подобро ментално здравје и намалување на стресот. Вклучувањето на вакви функционални производи во секојдневната исхрана претставува практичен чекор кон целокупна благосостојба.

Со храна богата со растителни влакна, антиоксиданси, ензими, здрави масти, пробиотици и пребиотици, не го храниме само телото, туку ја негуваме и менталната отпорност. Како што потенцира Амина Шета, ваквиот внимателен начин на исхрана нè прави психички поспособни и поотпорни на животните предизвици. Внатрешниот мир, значи, можеби не се наоѓа на дното од медитациската перница, туку на врвот на нашата чаша и виљушка.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.