Aurelia го претстави новото поглавје од својата beauty приказна на ексклузивното „Aurelication“ во Грција
Aurelia – „the golden one“ – е природен beauty бренд создаден од љубов кон негата, естетиката и реалните потреби на жената.
Лансиран пред речиси една година, брендот претставува природно продолжение на долгогодишното искуство во естетската медицина и секојдневната работа со жени, нивната самодоверба и грижа за себе.
Зад Aurelia стои доктор по естетска медицина, чија инспирација произлегува од секојдневниот контакт со пациентките и нивните вистински потреби за ефективна, но нежна нега. Од таа поврзаност се роди и првиот производ – сетовите за усни, создадени за нега по естетски третмани, но и за секојдневна хидратација, кои брзо прераснаа во омилен beauty essential.
Со органски раст и јасна филозофија, Aurelia ја гради својата колекција околу 100% природна козметика инспирирана од лето, море и чувството на лесна, женствена нега.
Во текот на своето патување, брендот ја прошири колекцијата со Whipped Body Butter – богат и луксузен путер за тело со свиленкаста текстура кој ја хидрира кожата, остава мек и нежен „glow“ и претставува вистински ритуал на уживање.
На патувањето „Aurelication“ во Грција беа претставени и новите производи што го означуваат следното поглавје на брендот – Face Oil и Hair Oil со масажер. Face Oil обезбедува длабинска хидратација, негување и природен сјај на кожата, додека Hair Oil со масажер ја стимулира скалпната циркулација, ја храни косата и ја обновува, оставајќи ја мека и сјајна.
Од претходната колекција се издвојуваат и Farm Rio Body Oil, создаден од внимателно избрани масла и витамин Е за интензивна хидратација и свиленкаст „glow“ ефект со мирис на salted caramel & pistachio, потоа Lip Oil со Jojoba Oil, Avocado Oil и Vitamin E кој интензивно хидрира без лепење, како и Lip Balm & Lip Scrub, формулирани со масла, витамин Е и шеќерни кристали кои нежно ги ексфолираат и регенерираат усните.
Патувањето беше дополнително збогатено со присуство на инфлуенсери – блиски пријатели на брендот од самиот почеток, кои ја следат и ја поддржуваат приказната на Aurelia уште од нејзините први чекори.
Денес, Aurelia продолжува да расте автентично и органски, останувајќи верна на својата суштина: природна козметика создадена со знаење, искуство и длабока љубов кон женската убавина.