Атрактивна и сензуална: Каљтрина Круезиу во проѕирна црвена креација на ревијата на Mitroff
Каљтрина Круезиу зрачеше со сензуалност на ревија на брендот Mitroff, која се одржа во Шато Камник.
Македонската професорка и мејкап артистка ги истакна облините во проѕирна црвена креација украсена со светкави циркони и ги измами погледите на сите присутни.
Круезиу го заокружи смелиот стајлинг со класични црвени салонки и мини чантичка во истата нијанса.
На модното шоу беше презентирана колекцијата „Гола меморија“.