• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Аргета-мајките со добротворна акција

3 октомври 2013, 09:56
  • cподели

Во соработка со мајките-победнички на натпреварот „Мајките одобрија“, Аргета ќе додели грант од 18.000 евра за избраните хуманитарни организации што се стремат кон подобра иднина за жените, децата, фамилиите во шест земји низ регионот. Во Македонија, како и во другите земји, за добри цели ќе бидат доделени 3.000 евра. Клучната улога во доделувањето на донацијата ќе ја одигра пошироката јавност, бидејќи финансиската поддршка ќе ја добие организацијата што ќе собере најмногу гласови на фејсбук-страницата Аргета Македонија. Затоа, вие сте поканети да ја покажете својата поддршка кон една од хуманитарните организации избрани од страна на Аргета-мајките - секој глас се брои!

Девојче

Првата „мисија“, за која се состанаа 18 мајки од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија и Косово, беа проверка и потврдување на квалитетот на Аргета. Заедничкото искуство ги поврза мајките и создаде блиски врски меѓу нив, па тие со задоволство одговорија на иницијативата за надградба на проектот „Мајките одобрија“ со добротворна акција. На секоја од мајките ѝ беше дадена можност да предложи, во согласност со сопственото размислување, хуманитарна организација што се стреми кон подобра иднина за жените, семејствата или децата. Така, во секоја од шесте држави беа презентирани три филантропски организации.

Аргета ја даде иницијативата, мајките предложија, вие одлучувате!

Аргета-мајките номинираа 3 домашни организации со благородна мисија. Тие ја презентираа организацијата зад која застанаа и причината за ваквиот избор преку фејсбук-страницата Аргета Македонија, каде што ја поканија јавноста да им се приклучи и да ја искаже својата поддршка за следниве организации:

  • СОС Детско село, Македонија
  • ЈУ Дом за деца без родители „11 Октомври“
  • Националниот совет за родова рамноправност (СОЖМ)

Повеќе информации за македонските организации може да откриете на социјалната мрежа Фејсбук (www.facebook.com/ArgetaMakedonija). Може да ја искажете својата поддршка за, според вашето мислење, омилената и најзаслужна организација на која ќе ѝ го подарите својот глас. Ќе може да гласате секој ден од 1 до 31 октомври 2013. Имајќи предвид дека „гласот на народот“ ќе биде одлучувачки за доделувањето на донацијата, љубезно ве молиме да земете учество!

Идејата на добротворните акции е да се обрне внимание на современите проблеми

Аргета, бренд на Дрога Колинска – членка на Атлантик-групата, ќе ѝ даде грант од 3.000 евра на секоја од шесте земји во регионот, според изборот на пошироката јавност. На овој начин за добросостојбата на жените, нивните семејства, децата и општеството во целост, ќе бидат донирани 18.000 евра во рамките на целиот регион.

„Во Дрога Колинска помисливме зошто не би им ја понудиле на Аргета-мајките можноста да ни помогнат во нашите добротворни намери. На овој начин, не само што ќе ги исполниме нашите заложби и одговорност кон општеството, туку и ќе ги истакнеме темите и прашањата со кои се соочуваат мајките и нивните деца во целиот регион“, објасни Ензо Смрекар, член на компаниското раководство на Дрога Колинска и извршен директор на работната програма „Деликатесни намази“ во Атлантик-групата.

Повеќе информации за проектот може да добиете на:
http://www.majkite-odobrija.mk/mk

Повеќе информации за добротворната кампања може да добиете на:
www.facebook.com/ArgetaMakedonija

Комерцијален текст

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.