Антонија Шола се потсети на заедничкиот настап со Тоше Проески 19 години по неговиот последен концерт
Некои музички моменти остануваат засекогаш. Вчера изминаа 19 години од последниот концерт на Тоше Проески, кој се одржа на Градскиот стадион во Скопје.
Неговата колешка Антонија Шола, со која го снимија хитот „Volim osmijeh tvoj“, се потсети на нивниот заеднички настап на незаборавниот музички спектакл.
Хрватската музичка ѕвезда сподели заедничка фотографија со нашиот ангел, а во позадина ги постави следните стихови од песната на Илма Карахмет „Zvjezdano nebo“:
Zvjezdano nebo čuva nas
Zatvorim oči ko nekada
Kao da si opet tu
I da ti čujem glas
Zvjezdano nebo zauvijek
Тоше и Антонија беа добри пријатели и соработуваа на музички план, а нивните заеднички настапи останаа убав спомен за публиката. Нивната средба тој ден на сцената, денес има уште поголема емотивна тежина, особено кога се знае дека само кратко потоа Тоше трагично го загуби животот.
На 5 октомври 2007 година, Тоше го одржа својот последен концерт на Градскиот стадион во Скопје, пред 30 илјади обожаватели. Само дванаесет дена подоцна, на 16 октомври, загина во сообраќајна несреќа во Нова Градишка, Хрватска.
Фотографии: officialtoseproeski / Instagram