Пред два дена, Антониа Гиговска наполни 25 години и направи гламурозна забава за своите најблиски.
Младата пејачка сега сподели албум со фотографии од прославата во еден скопски ресторан. На нив, таа заведува облечена во бела креација со отсечоци која ѝ ги истакна стомачните мускули. Фустанот е дело на нејзиниот пријател и соработник Дејан Сидор.
На дел од фотографиите Антониа позира со својот сопруг Роберт, кој по вторпат за запроси со блескав прстен и голем букет.
25🎂🤍🥹 Не можам да ви опишам каква ноќ беше ова!!!! Баш како што си ја замислував! Викаат дека со 25 години започнува нов chapter, па ајде тогаш нека биде најдобриот 😍🥰
Фала ви на преубавите честитки, да сте ми живи и здрави сите до еден! 🥰
За преубавата ноќ сакам да им се заблагодарам на сите кои придонесоа ова сè да изгледа вака како што изгледаше✨ - напиша таа.
Сепак, најубавиот подарок за Антониа беше дома. Нејзиното синче Киан ѝ пееше „Happy Birthday“ и со неа дуваше свеќички на роденденска торта.