• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Анорексична девојка која била модел и тежела 46 кг сега е фитнес зависник и тежи 84 кг

25 март 2016, 17:06
  • cподели

Девојка која пред само четири години тежела 46 кг и се борела со анорексија и булимија, успеала да го победи нарушувањето во исхраната и сега е фитнес зависничка.

Кристина Василиева Кристина Василиева Кристина Василиева

Кристина Василиева, која сега е онлајн фитнес советник и тежи 86 килограми, започнала да се храни нередовно на 14 години, а на крајот од тинејџерските години развила булимија и анорексија. Во своите 20-ти години, Кристина имала толку мала тежина што морала да купува облека од одделите за деца во бутиците.

„Тежината ми беше под нормалната и морав да купувам облека од одделите за деца. На 20 години, носев облека за 12-13 годинички. Фактот што можев да се соберам во нив за мене беше нешто позитивно. На почетокот од моите 20-ти години, секој залак храна кој ќе го голтнев правеше да се чувствувам виновно. Тогаш развив булимија, повраќајќи сè што ќе си дозволев да изедам“ – рекла Василиева, која во минатото била модел.

Кристина Василиева Кристина Василиева

Трансформацијата на 28-годишната Британка започнала во 2012 година. Кристина не можела да го препознае својот одраз во огледалото и сфатила колку голема штета му нанесува на своето тело.

„Коските ми стрчеа, кожата започна да ми се лупи, а косата да ми паѓа. Косата на горниот дел од главата ми беше толку ретка што можев да си го видам скалпот низ неа. Моето лице беше изобличено, имав инсомнија и не спиев со денови. Започнав да плачам. Не можев да се препознам себеси. Бев исушена, умирав“ – рекла таа.

Кристина Василиева Кристина Василиева Кристина Василиева

„Конечно ѝ го реков на мајка ми она што таа копнееше да го слушне со години – дека ми треба помош“ – додала Кристина.

Со помош на психијатар и многу читање и истражување за биологијата на човекот, Кристина започнала да го менува својот начин на живот. „Постепено започнав да воведувам намирници во мојата исхрана и започнав со умерени вежби за да го зголемам моето ниво на ендорфини. Знаев дека не можам да го победам моето нарушување во исхраната ако сум несреќна“ – објаснува Василиева.

Кристина Василиева Кристина Василиева Кристина Василиева Кристина Василиева

Полека, но сигурно, упорната девојка започнала да го менува не само својот изглед, туку и своето однесување. Сега таа е дел од врвните бодибилдерки во Британија и постојано се залага да им помогне на лица кои се борат со истите нарушувања во исхраната како неа.

„Постепено, како што се развиваа моите мускули, така моето однесување кон мојата форма на телото започна да се менува. Изгледав слабо и кршливо, а сега изгледам силно и моќно. Не можам да верувам дека преминав од булимична личност во бодибилдер“ – вели таа и додава дека не жали за ништо затоа што многу научила од своите грешки. „Ја насочувам мојата страст во нешто корисно за да им помогнам и на други лица“.

Кристина Василиева Кристина Василиева Кристина Василиева Кристина Василиева
Tags
фитнес инспирација

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.