Анастасија Ражнатовиќ изгледа фантастично неполн месец по породувањето. Српската пејачка сподели видео во бел стајлинг и одушеви со изгледот.
Ќерката на Цеца се породи на 15 јули и на свет го донесе синчето Илијан Гудељ. Ова е нејзино прво дете со Немања Гудељ.
Пред неколку дена, таа сподели видео од Немања со бебенцето во количка.
Откако изгубија едно бебенце поради спонтан абортус, Анастасија и Немања целата бременост ја чуваа во тајност.